Author: Marija Todorovska

Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на вчерашниот ден истражители од Истражниот центар во обвинителството и Националната единица за борба против криумчарење мигранти и трговија со луѓе при МВР реализираа акција во која се лишени од слобода две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело „Трговија со луѓе“. Уште четири лица се под истрага за овој случај, и за нив е определена мерка притвор, која за двајца ќе почне да се применува откако ќе бидат пронајдени.

Read More

Животот во Северна Македонија станува сè поскап, а граѓаните сè потешко ги задоволуваат основните животни потреби, СДСМ како одговорна опозиција, предлага конкретни законски измени кои ќе доведат до заштита и подобрување на животниот стандард, порача пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната прес-конференција во Собранието.

Read More

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека е усвоена Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година, со која се обезбедува директна финансиска поддршка и дополнителни мерки за најзагрозените категории граѓани. Програмата, која ќе биде спроведувана од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во соработка со Министерството за социјална политика, демографија и млади и Регулаторната комисија за енергетика, предвидува комплексни мерки за олеснување на трошоците за енергија и подобрување на квалитетот на живот.

Read More

 Најмалку десет лица го загубија животот викендот откако  делови од југоисточниот дел на САД беа зафатени од поројни дождови, поплавувајќи патишта и куќи.

Read More

По политичките превирања во последните неколку месеци, реизборот на Доналд Трамп за претседател на САД и Минхенската безбедносна конференција, на која во моментов се одлучува за судбината на Украина, јасно е дека светот се менува.

Read More

Согласно, нашиот устав, “нашинци” се сите државјани на Северна Македонија, како и дијаспората иселена од тука, без разлика на нивната етничка припадност и сите избрани и именувани функционери, секако може и да постапуваат само согласно уставот, според кој имаат обврска за непристрасно постапување. И притоа, согласно заклетвата која ја даваат, дека “ќе го штитат и чуваат нашиот устав”, “нема да се мешаат во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи”.

Read More

Република Косово денеска ја слави 17-годишнината од независноста. На 17 февруари 2008 година, Собранието на Косово го прогласи Косово за независна суверена и демократска држава.

Read More

Лондон: Филмовите „Конклава“ и „Бруталист“ се големите победници на наградите на Британската академија за филмски и телевизиски уметности – „БАФТА“, синоќа. И двата филма понесоа по четири признанија.

Read More

Во градот Ван, Бретања на 24 февруари почнува судењето против поранешниот хирург Жоел Ле Скуарнек (74), обвинет за силување или сексуален напад на речиси 300 поранешни пациенти во период од повеќе од 25 години. Најголемиот број жртви на хирургот биле деца.

Read More

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп нареди намалување на бројот на вработени во Управата за храна и лекови (ФДА) во текот на викендот со отпуштање на вработени одговорни за безбедноста на состојките на храната, медицинските помагала и други производи. Вработени по договор во ФДА добија известувања дека нивните работни места се укинуваат, според неименувани претставници на таа агенција.

Read More

Загреб: Бројот на заболени од грип во Хрватска го достигна врвот со 24.498, при што минатата недела се пријавени 5.507 случаи, додека 30 лица починале од компликации, покажуваат податоците на Хрватскиот институт за јавно здравје.

Read More