Author: Marija Todorovska
Во организација на граѓанското движење „Кој е следен“, денеска, се одржа третиот протестен марш на кој граѓаните бараа правда за 22-годишната Фросина Кулакова, младата модна дизајнерка од Неготино која животот го загуби откако беше прегазена на булеварот „Партизански одреди“ додека преминувала пешачки премин.
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за култура и туризам Зоран Љутков, менаџментот на ТАВ и директорот на германскиот тур-оператор на RSD Reisen Хорст Живковиц, денеска на Меѓународниот аеродром Скопје го пречекаа првиот чартер-лет на авиокомпанијата „Фрибрд ерлајнс“, кој ја донесе првата група од 180 германски туристи. Со ова се одбележа почетокот на овие чартер-летови кои ќе пристигнуваат на скопскиот аеродром секој ден, почнувајќи од денеска до почетокот на јуни, и потоа од октомври до средината на декември. Се очекува овие организирани летови да донесат 35.000 туристи во земјава.
Хрватската потрошувачка платформа „Ало, инспекторе“ денеска соопшти дека бојкотот на пекарниците во Хрватска е голем успех и најави дека тој ќе продолжи и следната недела, овојпат на банките и телекомуникациските компании бидејќи ги зголемиле цените на нивните услуги.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека им наредил на своите министри да не потпишуваат договор со кој на САД ќе им се овозможи пристап до вредните и ретки минерали на Украина, објаснувајќи дека документот е премногу фокусиран на интересите на САД.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека повеќе од 100.000 луѓе останале без греење во пристанишниот град Миколаев по напад на руско беспилотно летало врз енергетската инфраструктура.
Скопје: Повремен дожд, а на планините слаб снег ќе има утре уште од утрото, особено на север и на исток од државава, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.
Едно лице е убиено синоќа на влезот од метро станицата „Клемансо“ во бриселската населба Андерлехт.
Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека ноќеска избил пожар во магацин за производство на полиестер во селото Неготино, Општина Врапчиште. Пожарот е локализиран утрово во 5:30 часот.
Тирана: Секое второ слободно работно место во Албанија денес е во туристичкиот сектор. Во пресрет на шпицот на летната туристичка сезона, баровите, рестораните и хотелите во земјава страдаат од недостиг од келнери, шанкери, готвачи, хигиеничари, но и од возачи, туристички водичи и менаџери.
Интерактивно прикажување на биолошкиот статус на Охридското и Преспанското Езеро овозможува веб-апликацијата hidrobioloski-zavod-ohrid.vercel.app, соопшти денеска Здружението Лидери за едукација, активизам и развој.
Белоруската влада извршила „обемни прекршувања“ на човековите права врз своето население, од кои некои претставуваат злосторства против човештвото, се наведува во денеска објавениот извештај на експертите на Обединетите нации (ОН).
