Author: Marija Todorovska
Кумановската полиција и криминалистичката полиција од СВР Скопје уапсија педесет и деветгодишен жител на Бугарија кој е осомничен дека во соработка со други лица извршил измами за наводни сообраќајни несреќи над повеќе лица, соопшти денеска полицијата.
Најмалку 20 лица, од кои неколку потешко, се повредени денеска кога автомобил влета во група луѓе во Минхен. Како што пренесува „Билд“, неколку лица, меѓу кои и едно дете, се во тешка состојба.
Ваквиот развој на настаните ја намали довербата на јавноста во правосудниот систем и во системот на контрола на власта, кој треба да ја гарантира отчетноста на функционерите. Оттука, одлуката на Уставниот суд да ги преиспита овие измени и да наложи на Собранието да ги направи неопходните корекции, има огромно значење за враќање на правдата и обновување на принципите на правичност и одговорност.
УНЕСКО денеска го одбележува Светскиот ден на радиото, со поздравување на работата и посветеноста на сите радио професионалци и волонтери низ светот.
Канбера: Кон Австралија се приближува циклон кој прераснува во бура од петта категорија, која се смета за најопасна, поради што се затворени пристаништата, училиштата и патиштата во западниот дел на земјата.
И затоа овие студентски протести во Србија, се далеку од било какво “македонско сценарио”. Немерливи по зрелоста и јасната цел, кое нашето, далеку по-еманципирано општество во тој поглед, го има(ше) за себе. Но, со интензитет кој може да предизвика хаос и анархија, без јасна идеја за управување со европска држава. Ако, не ја допрат суштината, Александар Вучиќ уште долго ќе биде, далеку “најевропскиот” политичар, кој ја разбира политиката, на кој ќе се потпира меѓународната заедница.
Организацијата на НАТО за наука и технологија (СТО) објави конкурс за учество на Предизвикот „Жени и девојки во науката“ за 2025 година, чија цел е да ги инспирира младите жени да ја продолжат својата кариера во науката, технологијата, инженерството и математиката и на кој можат да учествуваат и македонски државјанки.
Американскиот претседател Доналд Трамп со рускиот претседател Владимир Путин сака да разговара за крај на руската војна против Украина. Состанокот веројатно ќе се одржи во Саудиска Арабија, изјави Трамп во Белата куќа.
Џон Болтон, кој служеше како советник за национална безбедност во првата администрација на претседателот Доналд Трамп, вели дека Трамп „ефективно му се предал“ на Владимир Путин пред преговорите за судбината на Украина, пренесува ЦивилМедиа.
Студентите од Краљево заедно со своите колеги од Нови Пазар утрово пеш тргнаа кон Крагуевац каде во сабота се одржува големиот собир наречен „Да се сретнеме кај Сретење“, пренесува српски Н1.
Жителите на Санторини и околните острови поминаа релативно мирна ноќ во споредба со изминатите денови, со оглед на тоа што не беа регистрирани голем број земјотреси и имаше само два со јачина од 4,2 степени, додека пак за 15 дена во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос имало над 15.300 земјотреси.
Во Белгија денеска се одржува генерален штрајк, поради што се откажани сите летови од белгиските аеродроми, редуциран е јавниот превоз и не работат јавната администрација, државната пошта, училиштата и комуналните служби, како затворските чувари.
