Author: Marija Todorovska
Во рускиот ракетен напад во раните утрински часови на 12 февруари во областа Оболонски во Кијив, едно лице загина, а четири други беа повредени, меѓу кои и едно дете, пренесува Укринформ според Државната служба за вонредни состојби.
Платформата „Ало, инспекторе“, која со недели организира бојкот на продавниците, сега повикува на нов бојкот во Хрватска. Откако во вторникот објавија дека ги контактирале средношколците револтирани од скапите производи во пекарите, плаформата на Фејсбук објави што понатаму бојкотираат.
Вашингтон: Белата куќа го разреши генералниот инспектор на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) Пол Мартин. Генералните инспектори вршат надзорни функции и имаат задача да спречат измама и злоупотреба во владините служби. Maртин беше назанчен на функцијата во 2023 година. Отказот го добил по е-пошта, јавија американските медиуми.
Американското Министерство за образование побара од Националниот сојуз за универзитетски спорт (NCAA) и клучните средношколски спортски организации да ги укинат титулите, наградите и рекордите што биле „неправилно постигнати од биолошки мажи кои се натпреваруваат во женски категории“.
Киев: Украинската влада одобри нов систем на едногодишен договор за воени доброволци на возраст од 18 до 24 години, со потенцијален годишен приход до два милиона украински гривни (околу 50.000 евра), соопшти денеска кабинетот на украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров.
Потребите на народот, обичните луѓе, не се битни, тие и онака, докажано наназад веќе 8 години, во најголем број пак ќе гласаат за мицковистичко ДПМНЕ.
Поради уличен дефект на улицата „Филип Втори“ пред Градскиот трговски центар (ГТЦ), прекинато водоснабдување во текот на утрешниот ден ќе имаат корисниците од трговскиот, информираат денеска од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков рече дека значителен дел од Украина сака да биде руски и дека тоа одговара на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој претходниот ден рече дека Украина еден ден може да стане руска.
Живко Грозданоски денеска на прес конференција ги објави добитниците на пет награди за 2024 година, а наградите ќе бидат доделени задутре во 12 часот.
Министерството за образование и наука денеска промовираше мобилна апликација за пристап до електронскиот дневник (Е-Дневник) наменет за над 200 илјади родители и старатели.
Овој народ мечтаеше за достоинство, а наместо тоа доби високи сметки и намалени плати.
