Author: Marija Todorovska
Атина: Под слоганот „Правда” стотици граѓани се одзваа на повикот на Здружението на роднините и семејствата на загинатите во железничката несреќа кај Темпи и се собраа на плоштадот Синтагма во центарот на Атина за уште еднаш да го повторат нивното барање за правда за жртвите од 28 февруари 2023 година. Протестот во Атина е организиран во исто време со говорот на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на отворањето на Меѓународниот саем во Солун. „Немам кислород, не е само број, туку 57 загинати. Правда за нив”, “Корупцијата убива”, “Не забораваме, не простуваме”, се само дел од пораките на протестот. На насобраните ќе…
Во касарната „Илинден“ утре ќе се изврши почесна артилериска стрелба по повод 8 Септември – Денот на независноста.
Полициски службеници денеска лишиле од слобода две лица од Скопје, кои биле спречени при обид да извршат разбојништво во маркет во Чаир.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја отфрли идејата на Владимир Путин за билатерална средба во Москва објави Укринформ, повикувајќи се на интервју што Зеленски го даде за американскиот телевизиски канал Еј-Би-Си Њуз.
Денеска сме тука да го кажеме она што секој студент го чувствува секојдневно: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги остави студентите сами, се наведува во денешното соопштение на Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ – прес-конференција на Трајче Стојчевски, претседател на СДММ.
Академскиот пленум го повика Александар Вучиќ веднаш да поднесе оставка од функцијата претседател на Србија поради предизвикување судири и бруталноста на полицијата.
Бујар Османи: Колку повеќе ние правиме реформи кон ЕУ, толку повеќе ги расипуваме плановите на српскиот свет. Затоа српскиот свет е присутен со двете нозе во Северна Македонија: прво со именување на заменик-премиерот за Охридскиот договор, Стоилковиќ, потоа со отворање на српска банка, потоа со контролирање на телекомуникациите, потоа со инсталација во бизнис секторот. Мислите ли дека блокадата кон ЕУ е случајна? Не, тоа е план на српскиот свет да не оддалечат од Европската Унија, да станеме дел од нивниот свет, не само како слуги, туку тие се обидуваат тоа да го легитимираат со политика. Извор: Фронтлајн
Тирана: Меѓународниот аеродром во Тирана постави уште еден рекорд по бројот на патници и летови.
Во организација на Еколошкото друштво Голак денеска во Делчево првпат ќе се одржи „Голак Треил“, спортски настан кој претставува комбинација од планинско трчање и брзо одење низ живописните предели на планината Голак.
Српскиот премиер денеска изјави дека државата може да напредува само со дијалог и во мир, по синоќешните немири во Нови Сад.
Околу 100 пожарникари од утрото гаснат пожар што избувна во деветкатница во лондонскиот Вајт Сити, објавија британските власти.
Земјотрес со интензитет од три степени по Европската макросеизмичка скала ноќеска е регистриран во земјава. Епицентарот на земјотресот потекнува од валандонското епицентрално подрачје, 116 километри југоисточно од Скопје.