Author: Marija Todorovska
Владата и сите институции доследно да се придржуваат кон определбата за безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културни особености на македонскиот народ, како елементи за кои не се преговара со ЕУ, и дека Република Северна Македонија е подготвена да ги исполни обврските од Преговарачката рамка со ЕУ, вклучувајќи ги и уставните измени со јасна определба дека е тоа последната пречка, без прифаќање на нови барања или прашања од билатерален и идентитетски карактер.
Цистерна со нафта се запалила утрово откако излетала на патот Гевгелија – Богданци, но пожарот бил брзо изгаснат од пожарникарите. Поради инцидентот сообраќајот на патот Гевгелија – Богданци е во прекин, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.
Идејата за две македонски партии, кои ги носат сите одлуки, без албанските партии е сон на “заробената држава” со години. Но, идејата за Македонци, кои без Албанците и сите други “малцинства” – тој неуставен назив, пежоративно употребен – како граѓани, без етничка определба би “владееле сами” е соголување на изворниот шовинизам и ксенофобија, сите овие години, негуван како “либерален граѓански став”.
Младите во ЕУ домот на своите родители го напуштаат на просечна возраст од 26,2 години. Генерално младите од северот порано го напуштаат домот на родителите, споредено со младите од појужните држави. Најдолго во домот на родителите остануваат младите во Црна Гора, во просек до својата 33,3 година, а најрано го напуштаат младите во Финска во просек на 21,4 години. Македонците во просек остануваат да живеат со своите родители до својата 32,1 година.
Екипа на Планинската спасителна служба со седиште во Охрид изврши евакуација на параглајдерист од Германија кој од неутврдени причини паднал од поголема височина на исклучително непристапен и карпест терен на падините на планината Галичица.
Американскиот претседател Доналд Трамп побара од Обединетите нации веднаш да отворат истрага за „тројната саботажа“ во која тој се најде во центарот.
Кандидатот за градоначалник на СДСМ во Ѓорче Петров, Костадин Ацевски, во новото видео снимено на улицата „Александар Мартулков“ посочи конкретен пример за неконтролираното градење кое го уништува урбаниот живот во населбата Хром.
На лекарскиот скрининг во Трубарево вчера прегледани 111 лица, 11 пратени на дополнителни испитувања
Во Трубарево денеска продолжува дводневниот лекарски скрининг на населението, што го спрроведува Министерството за здравство во соработка со Клиниката за пулмологија.
Зоран Иванов: Влијанието е огромно на медиумите, но тие се заспани, се во скутот на власта. Не знам дали имаат сила медиумите да направат некој пресврт во општеството. Идат избори, граѓаните да сфатат што е вистина, а што е лага. Тоа е обврска на медиумот, а тоа не го прават. Нашите медиуми со чест на исклучоци пливаат во лагите на политиката и уживаат во таа комоција. Извор: ЦивилМедиа
Најавениот „Ѕид од дронови“ би можел да стане оперативен во рок од една година, со што ЕУ значително би ги подобрила своите капацитети за откривање беспилотни летала, изјави еврокомесарот за одбрана и Вселената, Андриус Кубилиус.
Воениот авион, со кој патуваше шпанската министерка за одбрана Маргарита Роблес за Литванија, претрпе напад на ГПС системот.