Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Агелер вечерва со изјава на ТВ го „утепа“ Мицкоски за судството – пораката е „помалку зборови, повеќе дејствување“

0
By Zoran Ivanov on November 26, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 26, 2025 22:26

Американската амбасадорка во Македонија, Анџела Агелер, во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на телевизијата „21“ вечерва остро се осврна на состојбата во правосудниот систем, но и на односот на премиерот Христијан Мицкоски кон Обвинителството.

Агелер потсети дека САД до сега инвестирале „половина милијарда евра“ во судството, но резултатите не се на ниво на очекувањата.

Воопшто не ми се допаѓа состојбата во судството. Сакам да видам помалку зборување од страна на премиерот, а повеќе дејствување во рамките на судството“, порача Агелер, нагласувајќи дека „држењето на фокусот на јавни изјави не ги решава системските проблеми.

Таа појасни дека, иако премиерот не треба директно да избира обвинители, има политичка одговорност да обезбеди функционален систем.

Политичарите зборуваат за многу работи – тоа е дел од нивната улога. Но, на крајот, кога се гледаат резултатите, се заклучува дека има застој, додаде Агелер.

Во врска со интеграцијата на Македонија во Европската унија, амбасадорката рече дека е „сто отсто убедена дека се работи на прашањето со уставните измени“. Таа рече дека процесот е сложен, но и дека се работи на негово отпочнување.

Секогаш сум зборувала дека навистина верувам оти оваа држава мора да биде во Европската унија, и за да се случи тоа мора да се испочитуваат процеси. Јас не учествувам во преговорите, но можам да ви кажам дека се водат разговори кои го поплочуваат патот. Ме охрабрува тоа што гледам дека активно разговараат за отпочнување на процесот. Не е потребен само еден глас за Уставот, рече Агелер.

 

 

Агелер моцкоски рв судство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.