Author: Marija Todorovska
Со 28 гласа „за“ и два „против“ Советот на Град Скопје на денешната седница го донесе буџетот на Град Скопје за 2025 година.
Подготвителната седница за Законот за употреба на јазиците ќе се одржи на 20 март 2025 година, утврдени се спорните правни прашања во врска со иницијативите по овој закон, како и листата на учесници, која ќе биде отворена за јавноста, договорено е на денешниот работен состанок во Уставниот суд, потврди за МИА претседателот Дарко Костадиновски.
Најмалку 48 украински деца под три години се киднапирани и однесени на Крим или Русија, објави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Пред точно 12 години режимот на ДПМНЕ насилно исфрли пратеници и новинари од Собранието. Со сила, инсталираниот режим на ДПМНЕ ја задуши демократијата во македонското Собрание само затоа што опозицијата се противеше на носењето на најрасипничкиот, криминал буџет во историјата на државата.
Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба изјавена од одбраната на Артан Груби недостапен за органите на прогон, против решението на судија на претходна постапка, донесе одлука со која ја одби жалбата на одбраната и го потврди решението на судија на претходна постапка со кое му се определува мерка притвор од 30 дена, информираат од Судот.
Дамаск: Илјадници Сиријци протестираа денеска во Дамаск и главно христијанскиот град Сукајлабија во централниот дел на земјата, откако во тој град беше запалена божиќна елка, повикувајќи ги новите исламистички власти да ги заштитат малцинствата.
Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција достави мислење до Основниот кривичен суд Скопје за примената на Законот за амнестија во случајот „Организатори на 27 април“. Во мислењето се истакнува дека барањето на одбраната на обвинетите за примена на законот не може да се спори, особено ако се земат предвид обвинетите и осудените што веќе се амнестирани.
Вашингтон: Штрајкот на вработените во синџирот кафулиња „Старбакс“ во Америка денеска, на Бадник според Грегоријанскиот календар, ќе се прошири на повеќе од 300 продажни места низ САД, објави синдикатот „Обединети работници“.
Газа: Палестинското Министерство за здравство денеска соопшти дека бројот на загинати во Појасот Газа од почетокот на војната со Израел се искачил на 45.338 луѓе.
Повеќе од 200.000 домаќинства во Босна и Херцеговина се без електрична енергија поради дефекти на далноводите предизвикани од обилниот снег.
Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ е одложено за 23 јануари откако на денешното судење Јавното обвинителство дало мислење за примена на Законот за амнестија за обвинетите Миле Јанакиески, Спиро Ристески и Трајко Вељановски, а истото не се однесува на обвинетиот Владимир Атанасовски.
На Клиниката за ортопедија е извршена трансплантација на ахилова тетива од банката на ткива од починати донори. Интервенцијата е извршена кај 47-годишна пациентка, со стара повреда на ахилова тетива, соопшти Министерството за здравство.
