Author: Marija Todorovska

Белград: Голем број градови и општини во Србија оваа година решија да ги откажат новогодишните прослави на јавните плоштади како знак на почит кон жртвите од трагичниот настан во Нови Сад, кој се случи на 1 ноември. Тогаш, по уривање на покрив на железничката станица, животот го загубија 15 лица, а две беа тешко повредени, пишува Н1.

Read More

„Сакав да се уверам дека мојата приказна се раскажува и сакав да се погрижам луѓето да не забораваат“, рефлектира Вилан, сега 54, во ноемвриското интервју со Андерсон Купер од CNN, околу три и пол месеци по неговото ослободување.

Read More

Дестан Јонузи Од новогодишен партиски коктел лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети бара Охридскиот договор да биде заштитен не само од ДУИ, туку и од ВРЕДИ (Влен), ВМРО ДПМНЕ и СДСМ. Тој ги повика и гласачит на владеачката коалиција на Албанците да им помогнат на претставниците и лидерите на коалицијата ВРЕДИ да се вратат, како што на нагласи, „на патот на достоинството и гордостa“. – Нашиот народ, нашите браќа обединети околу ВЛЕН да ја одразат и бранат националната кауза (Охридскиот договор), затоа што тоа е кауза на старите и идните генерации. И не, и покрај тоа што сум…

Read More

Родовиот јаз меѓу вработените ширум Европа и натаму е значителен во корист на мажите, како во однос на висината на платите, така и при нееднаквост во пристапот до работа, напредувањето и наградувањето.

Read More

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) констатира дека нема основа за постапување по пријавата за судир на интереси и корупција при именувањето на директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски. На денешната седница, ДКСК утврди дека Христовски ги исполнува условите за именување според Законот за АНБ, но истакна дека нема надлежност за директна експертиза на дел од документите.

Read More

Минатата недела се спроведени 62 вонредни контроли за безбедноста на новогодишните пакетчиња при што кај две се најдени производи со изминат рок, како и со краток рок на траење, до 12.2024 година, соопшти  Агенција за храна и ветеринарство (АХВ).

Read More

Народната банка за наредната година очекува умерено забрзување на растот којшто би се искачил на 3,3%, со позитивен придонес од сите компоненти на растот, меѓу кои и најавениот јавен инвестициски циклус и повисокиот прилив на странските директни инвестиции. Се очекува забрзување на извозот со понатамошно закрепнување на светските услови, како и позитивен придонес на личната потрошувачка при раст на расположливиот доход и очекувања за солидно кредитирање на населението. Сепак, ризиците постојат и потребен е внимателен пристап, вели гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска.

Read More

Токио: Јапонските производители на автомобили „Хонда“ и „Нисан“ најавија спојување што ќе го формира третиот по големина автопроизводител во светот, според продажбата, бидејќи индустријата претрпува драматични промени во нејзината транзиција од фосилните горива. Во заедничко соопштение, двете компании известија дека потпишале меморандум за разбирање вчера, како и дека помалиот член на групацијата „Нисан“ – „Мицубиши моторс корп.“, исто така, се согласил да се приклучи на разговорите за интегрирање на бизнисите.

Read More

Загреб: Во јануари идната година, по претседателските избори, ќе започне законската процедура потребна за враќање на задолжителниот воен рок, а првите повици на регрути се очекуваат кон средината на 2025 година, извести денеска хрватското Министерство за одбрана.

Read More