Author: Marija Todorovska
Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска извршил инспекциски надзор на Детската клиника во Скопје, а откако биле откриени недостатоци, најавен е прекршочен платен налог.
Во Основен кривичен суд Скопје во врска со случајот со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски денеска на предлог на обвинителството сведочат познаници на обвинетиот Љупчо Палевски.
Рускиот лидер е отворен за дискусии за Трамп – извори Москва нема да отстапи значителна територија, велат тие Путин: Украина мора да остане неутрална според секој договор Киев: Секој руски војник мора да биде истеран
Приватните превозници во Град Скопје „Јофи Бус“, „Вестор Транс“, „Радос Компани“ денеска преку соопштение апелираат до надлежните веднаш да се направи проширен состанок со цел решавање на проблемот со јавниот градски превоз.
Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец ноември 2024 година изнесува 62 021,00 денари, информираат од Сојузот на синдикати на Македонија. Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец ноември изнесува 77 396,00 денари.
Ѓорѓи Спасов: Фактот што Марк Руте бирал меѓу Шекеринска и Марија Габриел која беше европратеник, еврокомесар и министер за надворешни работи на Бугарија од 2023 до 2024 година, и се определил за Шекеринска е порака за Бугарија. Секако дека бил во прашање и капацитетот на личностите, но била во прашање и надворешната политика и политичката реторика на тие две личности. Во актуелниот спор меѓу Бугарија и Македонија ова е порака дека ставовите на Шекеринска од страна на НАТО се почитуваат и дека во таа организација немат проблем со нејзиниот македонски национален идентитет, јазик и интерпретации на историските корени на нацијата.…
Именувањето на Шекеринска значи дека нормалниот дел од Македонија, оној кој ја смета европскоста за битен дел на својот идентитет, толку битен што без него не би постоела целината на македонското национално битие, е живо, не е здробено во мелницата на комитската простоќа и глупоќа.
И премиерот Христијан Мицкоски, и министрите за одбрана и надворешни работи, Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски, кои по треземањето на власта се редовни посетители на самити и средби во НАТО, па дури и претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која е врховен командант на Армијата, целосно ја изигнорираа веста за назначувањето на Шекеринска на значајната функција во Алијансата.
По повод Светскиот ден на детето, младиот уметник Озбек Ајваз во соработка со Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) и Македонското здружение на млади правници (МЗМП), организираа герила акција под наслов „Моето детство е моја приказна“. Оваа акција има за цел да ја подигне свеста за значењето на дигиталната приватност на децата и да ги поттикне родителите и општеството на одговорно и свесно однесување кое ќе придонесе кон безбедноста и добросостојбата на младите во онлајн просторот.
Трајан Гоцевски: Поранешната Министерка за одбрана,г-ѓа Радмила Шекеринска е избрана за Заменик генерален секретар на НАТО. Тоа официјално го потврди Генералниот секретар на НАТО Руте. Овој избор е добра вест за Радмила Шекеринска, но одлична вест за Република Македонија. Тоа е огромно призннаание за граѓаните на Македонија,кои секогаш ги подржуваа исправни одлуки на државата за членството во НАТО. Тоа е огромно признание и за Армијата која со својата професионалност,посветеност и стручност се докажа како доверлив партнер на армиите на земјитее членки на НАТО. Времето поминува и позитивно не изненадува. На 18 мај 1992 година Советот за безбедност на Македонија го…
Значаен процент од младите во Република Северна Македонија веќе стекнале зависност од играње игри на среќа, беше истакнато на денешната прес-конференција на Здружението ХОПС – Опции за здрав живот – Скопје, која ги сподели резултаите од истражувањето Младите и нивните навики за обложување во Северна Македонија, во Србија и во Косово“, како и нивните препораки против зависност од игри на среќа кај младите. Меѓу нив, се играчите да се информираат за опасноста од игрите на среќа, да се воведат превентивни програми, но и воведување програми за лекување зависност од коцкање.
Њујорк: Портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Стефан Дижарик изјави дека поради опструкциите од страна на Израел повеќе од 40 дена, речиси и да не е доставена помош за Палестинците кои се борат за опстанок во северна Газа, јави Анадолија.
