Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Повеќе од 40 дена луѓето во северниот дел на Газа не добиваат никаква помош

0
By Marija Todorovska on November 20, 2024 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 20, 2024 11:12

Њујорк: Портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Стефан Дижарик изјави дека поради опструкциите од страна на Израел повеќе од 40 дена, речиси и да не е доставена помош за Палестинците кои се борат за опстанок во северна Газа, јави Анадолија.

Дижарик одговараше на прашањата на новинарите за случувањата на Блискиот Исток.

Нагласувајќи дека израелските војници го блокирале преминот кон северниот дел на Газа, Дижарик истакна дека жителите од овој регион речиси и да не добиваат помош повеќе од 40 дена и оти хуманитарната ситуација е особено тешка во одделни региони.

– Луѓето се борат за опстанок во опколените области во северниот дел на Газа, рече Дижарик, повикувајќи се на информации добиени од Канцеларијата за координација на хуманитарните прашања (ОЦХА) на ОН.

Наведувајќи дека израелските војници продолжуваат да спречуваат помошта да стигне до подрачјата како што се Беит Ханун, Беит Лахија и Џабалија, Дижарик нагласи дека 27 од 31 обид за помош планирани само овој месец се одбиени, а останатите четири се сериозно успорени.

– Искрено кажано, сите обиди на ОН да ги поддржат луѓето во опколените области северно од Газа се отфрлени или блокирани, рече Дижарик.

Портпаролот на генералниот секретар го сврте вниманието кон гладот ​​што ќе настапи во регионот каде што се затворени сите пекарници и целосно е блокирано снабдувањето со гориво, пренесува Анадолија.

газа Њујорк ОН помош
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.