Author: Marija Todorovska
Друштво на филмски работници: Во време кога филмските професионалци се во немилост и страдаат за елементарна егзистенција, а филмските продукции бараат алтернативни начини да опстанат, дојде и информацијата дека во предложениот буџет за 2025та година, ставката за филм изнесува само 2.4 милиони евра, бројка која е пониска и од основниот буџет за 2024 година. Оваа вест, секој еден филмаџија ја дочекува во шок и неверување. Линк
Во меѓувреме каматите во светот паѓаат. Светот е полн со пари … Почнува период на поевтинување на кредитите. Дали за неколку месеци ќе зборуваме дека сме можеле да земеме кредит и со 2% од меѓународните финансиски пазари. Па Орбан сигурно не е понаивен од Мицковски!
Ненад Јовановиќ: Тие луѓе се длабоко потрошени. Време е за нови лица, нова сила, нова енергија и, ако сакате – нова емоција во социјалдемократската партија. Нови лица во СДСМ мора да има. Лица на млади луѓе кои немаат никакви историски петна и компромитации од секаков вид. СДСМ како политичка партија форматирана е и историски (не само денес): на внатрепартиски „класни војни“, затоа и денес заврши на очајни 15-тина пратеници. Денешните пратеници на СДСМ немаат никакво упориште помеѓу поширокото граѓанството. Или ако го имаат, тоа е така очајно и слабо. Тие луѓе нешто емитуваат на собраниската говорница, ама тоа ниту се…
Испитувањата посочуваат и дека за учењето на „ГПТ-3“ во центрите за податоци на „Мајкрософт“ во САД потребно е вкупно 5,4 милиони литри вода – бројки коишто, според истражувачите, може да се зголемат за посовремениот „ГПТ-4“.
Њујорк: Њујорк планира да воведе такса од девет долари за возење на Менхетен почнувајќи од јануари, што државата го суспендираше на неодредено време на почетокот на оваа година, изјави вчера гувернерката на Њујорк, Кети Хочул со цел да се намали метежот.
Загреб: Хрватските медиуми јавија утрово дека е уапсен министерот за здравство Вили Берош, по што премиерот Андреј Пленковиќ свикал средба со коалициските партнери.
Загреб: Припадници на хрватската Национална полициска канцеларија за сузбивање на корупција и организиран криминал утрово организираа голема акција во која упаднаа и во домот на актуелниот министер за здравство Вили Берош.
Лекарите од Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Војводина соопштија дека како последица од уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, повредени се три лица, во тешка општа состојба и дека сега се развиваат секундарни компликации, објави денеска РТС.
Од денеска до 15 март возачите во возилата со учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително да поседуваат пропишана зимска опрема.
Свечено доделени наградите 13 Ноември за придонес во развојот, севкупниот напредок и афирмација на градот Скопје, по повод одбележување на 80. годишнината од денот на ослободувањето на Скопје, за што беше организирана целодневна пригодна програма.
Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, најави можност да ја укине опцијата за одобрување статус на привремено заштитени лица (Temporary Protected Status – ТПС), кој сега го имаат околу милион луѓе.
Насочувањето кон непосредни договори ќе продолжи да биде негова карактеристика, што би можело да донесе решенија за големите спорови на Балканот и во Светот. Именувањето на сенаторот Марко Рубио за шеф на американската дипломатија навестува надворешна политика што ќе биде во согласност со традиционалните реалистички вредности на Републиканците. Ова значи насочување на фокусот кон Кина и Иран, притисок врз Русија за запирање на војната во Украина, запирање на борбите меѓу Израел и прокси силите на Иран (Хамас и Хезболах) и почитување на договорите за стабилизација и европеизација на Западен Балкан.
