Author: Marija Todorovska

13 ноември 1944 година е ден кога Скопје беше ослободено од фашистичката окупација, благодарение на храброста и отпорот на Народноослободителната војска. Битката за Скопје беше дел од широка операција која резултираше со слободата на градот, кој претходно беше под германска и бугарска власт. Ослободувањето на Скопје на 13 ноември било важен чекор во конечниот пад на фашизмот во Југославија и во целиот регион.

Read More

Во моментот кога Христовски требаше да одговори на прашањето на новинарката дали го доставил до Антикорупциската комисија ТОЕФЛ-сертификатот од Пловдив, со оглед на тоа дека рокот е до задутре (четврток), Ковачки кој не успеа да го одвлече Христовски, ѝ дофрли на новинарката, да го исклучи го микрофончето, обвинувајќи ја дека снима, покажувајќи на мобилниот телефон кој таа го држела во раката.

Read More

Здружението „Фојничани“ од Босна и Херцеговина соопшти дека во пештерскиот комплекс Мокра Мегара е пронајден нов, досега непознат вид пајак и дека ќе биде именуван на планината Озрен. Окритието научно наречено „Порхома озрененсис“ (Porrhomma ozrenensis) му се припишува на македонскиот спелеобиолог Марјан Комненов.

Read More

После Божиќ ќе имаме по јасна слика околу спорот меѓу Македонија и Бугарија. Додека не ја преземе Трамп функцијата претседател, нема да има никакви промени и додека во самата Европска унија не се определат дали посредник ќе биде Германија со новиот премиер, не го знаеме профилот на новиот премиер и дали ќе биде истиот или не.

Read More

Мадрид: Шпанската метеоролошка служба AEMET издаде обновени предупредувања за невреме во поголемиот дел од земјата од денеска до четврток, две недели откако дождовите и поплавите однесоа повеќе од 220 животи, повеќето од нив околу источниот град Валенсија.

Read More

Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје Мустафа Хајрулахи, кој од вчера е суспендиран од функцијата, денеска на прес-конференција пред Обвинителството, обвини дека кривичната пријава против него поднесена од страна на Републичкиот јавен обвинител, има тенденцијата да го отстрани и заќути, како и да ги заплаши и другите колеги кои што постапуваат согласно законот, а се со цел, како што рече, да се донесат нарачани одлуки.

Read More

Ерол Ризаов: Во Македонија нема повеќе северџани. Јавните личности, медиуми и новинари кои беа прогласени за странски платеници и поддржувачи на компромисите во преговорите со проблематичните соседи, сега ги отстапија местата на храбрите поддржувачи на власта и провладините жестоки критичари на опозицијата која не може ништо да блокира и не попречува да се донесат сите стратегиски  одлуки во Собранието. Напротив, ги поддржува .Мицкоски и неговите дипломатски и економски успеси со стотиците милиони евра заем од Унгарија како подготовка за локални избори, не се симнуваат од ТВ екраните и од социјалните мрежи. Америка и Франција кои до вчера беа најголемите „виновници“, заедно…

Read More

Собраниската седница на Комисијата за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање на која првично беше како единствена точка на дневен ред ставена Информацијата за незаконското именување на директор на АНБ поднесена од пратеници од опозициската СДСМ, по на моменти жестоката процедурална дебата меѓу власта и опозицијата беше прекината без да биде утврден дневниот ред.

Read More

Околу 350 деца Роми, на возраст од три до шест години, ќе престојуваат бесплатно во јавните градинки во 21 општина во државава.  Во рамки на проектот „Инклузија на децата Роми во јавните општински установи – детски градинки“, денеска беа потпишани договори за соработка меѓу Министерството за социјална политика, демографија и млади, општините и градинките на нивна територија каде што ќе бидат згрижени децата од таа етничка заедница.

Read More

Вашингтон: Актуелниот претседател на САД, Џо Бајден и новоизбраниот Доналд Трамп утре треба да одржат протоколарна средба во Белата куќа. Според информациите до кои дојде „Њујорк пост“, весник близок до Доналд Трамп, Меланија Трамп наводно ја одбила понудата да се сретне со сопругата Џил на традиционалниот чај што се организира по повод ваквите разговори, додека Бајден разговара со Трамп.

Read More