Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Активен пожарот на планината Беласица

0
By Marija Todorovska on November 12, 2024 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 12, 2024 14:31

Струмица: Пожарот меѓу селата Смолари и Мокрино, во подножјето на планината Беласица, се уште е активен и има внатрешно горење, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Пожарот, кој избувна завчера, денеска го гаснат екипи на ЈП ПШС „Беласица“ од Струмица со три теренски возила и 15 вработени.

Според заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов пожарот на Беласица во текот на ноќта се префрлил на источната страна од која беше обезбеден и се шири.

-Морам да потенцирам дека освен екипите на ЈП „Македонски Шуми” денеска на лице место нема никој друг и покрај тоа што преку 112 од страна на нашите екипи кои се на терен е побарана помош од ТППЕ Струмица, а повратно им било пренесено дека поради расипана пумпа на некое возило не биле во можност да пратат екипи на терен, објави Михаилов на својот фејсбук профил.

На објавата на Михаилов реагираа од ТППЕ Струмица.

-Денеска по социјалните мрежи излезе соопштение од заменик директорот на Национални шуми, Кире Михаилов дека тие се единствените сили на Беласица и дека од наша страна не им е испратено теренско возило. Возилото кое е побарано е дефект, пумпата е испратена во Скопје на сервис. Едно прашање, каде бевте цела сезона, каде сте и сега. Со која опрема, со кои средства го гасите овој пожар. Со гранки? Ние не се бориме за популизам, туку нашите дела стојат зад нас. Социјалните мрежи не се место за препукување и збирање гол популизам, отворени сме во секое време за соработка и отстранување на сите недостатоци, се наведува во реакцијата на струмичките пожарникари, кои додаваат дека досега интервенирале 700 пати, од кои 80 отсто од интервенциите се на пожари на отворено.

Инаку, според информацијата од Михаилов досега во пожарот на планината Беласица се изгорени над 50 хектари високостебклеста шума со бука и костен.

Беласица ЈП Македонски шуми пожар ЦУК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.