Author: Marija Todorovska

Америка беше земја на законот и на големите корпорации. Сега ќе направат од Америка една голема корпорација, а уставот и законите Маск ќе ги однесе на Марс, со тоа што по некое членче, згодно за интерпретации, ќе остават да лебди како некакво покритие за самоволието на оние на кои американскиот народ им ја предаде Америка во приватната сопственост со право да прават со неа што сакаат.

Read More

По завршувањето на денешниот Самит на Европската политичка заедница, доцна попладнево во Будимпешта ќе започне неформална средба на лидерите на ЕУ на која главна тема ќе биде дебатата за нов договор за конкурентност на Унијата.

Read More

Женева:  Стотици милиони деца и адолесценти ширум светот секојдневно се соочуваат со насилство во нивните домови, училишта и на други места, што може да има доживотни последици, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Read More

Брисел: Оваа година ќе биде најтоплата во историјата и прва во која просечната температура била за повеќе од 1,5 степени потопла од просечната температура во прединдустрискиот период, објавија европските научници.

Read More

Од денеска почнува со работа новоформираното Национално координативно тело за реформи во високото образование, науката, истражувањето и развојот, како иницијатива од програмата за работа на новата Влада. Со Националното координативно тело ќе раководи министерката за образование и наука Весна Јаневска, а во него има и заменик претседател и 30-тина членови. Координативното тело ќе има обврска на секои шест месеци да доставува извештај до Владата.

Read More

Пропагаторите на Кремљ се залагаа за Трамп како претпочитан кандидат на Русија, со оглед на неговите коментари за завршување на војната во Украина и неговото противење на континуираната американска помош за Кијив за борба против руската агресија. Сепак, според тонот во коментарите, Медведев се воздржа од таков триумфализам, навестувајќи дека сѐ уште може да има понатамошни потешкотии.

Read More

Да се укине „недела неработен ден“ и да им се овозможи на ИТ инженерите работа од дома, како и скратено работно време, бара Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ). Ова, како што му беше предочено денеска на премиерот Христијан Мицкоски, се поволности кои во светот се применуваат со години.

Read More

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска изјави дека нема договорено средба со бугарскиот претседател Румен Радев на маргините на Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта, што се одржува утре.

Read More