Author: Marija Todorovska

Посетителка во скопската Зоолошка градина побарала да се тестира за птичји грип. Информацијата за МИА попладнево ја потврди директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска.

Read More

Политичката партија „Левица“ денеска поднесе кривична пријава против претседателот на Собранието Африм Гаши за законот за бранители. Од ВМРО-ДПМНЕ додека не ја видат, нема да ја коментираат кривичната пријава, а од СДСМ велат дека не се откажуваат од носењето на овој закон и дека следните денови ќе ги обелоденат чекорите што ќе ги преземат.

Read More

Ставот на Мицкоски е дека треба да се репреговара т.н. француски предлог од кој произлезе условот за уставни измени, односно тие да се направат, но со одложено дејство – да важат од моментот на зачленување на Северна Македонија во ЕУ. Идеја, којашто според претходното објаснување на Мицкоски, не е прифатена од ЕУ.

Read More

Без оглед на тоа дали се работи за текст што е потпишан од Дерала или од некој друг, или се работи за вест преземена од агенциските тикери – говорот на омраза и повиците за ликвидација сеедно се насочуваат против Цивил и нејзиниот најистурен претставник, Џабир Дерала.  

Read More

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ е презакажано за 14 ноември годинава, откако изутрината обвинетите Спиро Ристовски, Трајко Вељаноски и Миле Јанакиевски, преку адвокатот Еленко Миланов поднесле барање до Основниот кривичен суд на денешното рочиште да одлучи по поднесокот за амнестија без да се изведуваат материјални и вербални докази.

Read More

Да се подигне структурата на разбирањето, да се има компаративен поглед на светот, компаративни свести, за да се надмине тагата, стравот, лажната надеж, за да се смисли страгегија, да се има реалистична надеж и да не се прават грешки за да се искуси овладувањето со противмерките со вложување на напорите на интелигенцијата во спротивставувањето на емоционалниот пораз и чувството на немоќ…

Read More

Националното студентско тело и студентскиот правобранител на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ поднеле барање до Министерството за образование и наука за преразгледување на бројот на стипендии за студентите од општествените науки во Конкурсот за академската 2024/2025 година.

Read More

Вредноста на Синдикалната минимална кошница за месец октомври 2024 година изнесува 61.249,00 денари, информираат од Сојузот на синдикати на Македонија. Со изнајмен стан од 60 м2 за октомври кошницата изнесува 76.624,00 денари.

Read More

Скопје: Временските услови кои изминатите денови беа со периоди на сончево и релативно топло време, а на одделни места и со повремени врнежи од дожд и слаб до умерен ветар, се оптимални за есенската сеидба кај поледелските култури, велат агрометеоролозите од УХМР.

Read More