Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како приказните за „северџани“ сега стануваат брилијантно ремек дело за Мицкоски?

0
By Marija Todorovska on October 22, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 22, 2024 13:10

Ставот на Мицкоски е дека треба да се репреговара т.н. француски предлог од кој произлезе условот за уставни измени, односно тие да се направат, но со одложено дејство – да важат од моментот на зачленување на Северна Македонија во ЕУ. Идеја, којашто според претходното објаснување на Мицкоски, не е прифатена од ЕУ.

Дестан Јонузи / Фронтлајн.мк

„Драго ми е што постои еволуција во размислувањето на оваа владејачка гарнитура. Тогашната опозиција, сегашна владејачка гарнитура, излегуваше со прикаските како „северџани“ и така натаму, но сега изгледа го сфатија значењето на овој договор и мислам дека тоа треба да се поздрави, едноставно треба да се поддржи таквиот начин на размислување“, вели во изјава за „Фронтлајн“- Нано Ружин – универзитетски професор и поранешен амбасадор во НАТО, коментирајќи ја изјавата на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дадена во Салцбург дека „Преспанскиот договор е брилијантно ремек дело“.

– Предлогот на Мицкоски прво да се отпочнат преговорите а после да се одложи датумот на имплементацијата на одлуката за внесување на македонските Бугари во Преамбулат на Уставот, не е прифатлив за Европската унија бидејќи таа ни даде до знаење. Кога сте на власт, треба да ги трпите и последиците против кои вие на времето сте реагирале, сте критикувале, сте ја освоиле власта. Сега, сето тоа мора да се компензира во јавното мислење во негативна или позитивна смисла, подвлече Ружин.

Според него не може Преспанскиот договор да биде модел за решавање на проблемот со Бугарија. Бидејќи, како што нагласи, се работи за сосема различни содржини.

– Во принцип во Преспански договор преовладуваше една емпатија која што ја нема кон договорот со Бугарија, значи емпатија од наша страна и од страна на тогашниот премиер на Грција, Ципрас, така што добро е, прво да дојде до загревање на односите. На сите треба да им е јасно дека при меѓународното преговарање нема опција вин-вин, тоа значи дека мора нешто и да дадете. Оно што е исто така битно е дека ние не преговараме со Бугарија, туку преговараме со Европската Унија. Бугарија ги кажала своите ставови, ние сме ги прифатиле и тие треба да се исполнат. Според тоа, да повторам, добро е да си има духот на Преспа во смисла на попуштање и на изнаоѓање компромис меѓу страните, добро е да се биде порешителен, добро е да се има желба да се реши проблемот и да се биде свесен дека кога преговарате, никогаш нема да имате апсолутен победник, анализира професорот.

Премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање на 20. Европски самит во Салцбург посветен на ЕУ и реформите изјави дека дури и Бугарите да се внесат во Уставот, никој не гарантира дека тоа е последен услов за исполнување на некоја обврска и дека за шест месеци од сега нема да се бара нешто дополнително.

– Ако Преспанскиот договор беше „ремек-дело“ на европската дипломатија, нешто што е, да речеме, „брилијантно“, зошто тогаш ова ремек-дело не го повториме за изнаоѓање на конечно, трајно и одржливо решение за овој вештачки спор, изјави Мицкоски.

Албанија на 15 октомври го отвори првиот кластер од преговорите со Европската Унија, додека Северна Македонија беше одвоена од тој пакет затоа што не го исполни условот да го смени Уставот и да ја внесе бугарската заедница во Преамбулата.

Ставот на Мицкоски е дека треба да се репреговара т.н. француски предлог од кој произлезе условот за уставни измени, односно тие да се направат, но со одложено дејство – да важат од моментот на зачленување на Северна Македонија во ЕУ. Идеја, којашто според претходното објаснување на Мицкоски, не е прифатена од ЕУ.

Како Мицкоски од најголем противник на договорот од Преспа – сега го бара како модел за решавање на проблемот со Бугарија? Ова, за домашната и меѓународната јавност, претставува новина и изненадување.

Но, што изјавуваше Мицкоски за Договорот од Преспа?

Во телефонска изјава за Сител на 08 ноември 2018 година, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ силно ја поддржува евроинтеграцијата на Македонија, но со сите демократски алатки ќе се бори против Преспанскиот договор и промената на уставното име.

-Впечатокот е дека ВМРО-ДПМНЕ применувало насилни методи, дека ВМРО-ДПМНЕ се заканува, ги уценува луѓето во Република Македонија, што апсолутно не е точно. Имав можност да ја претставам и нашата страна, нашето гледиште на работите во Република Македонија, како ВМРО-ДПМНЕ делуваше, но и како ќе делува во иднина. ВМРО-ДПМНЕ останува противник на договорот од Преспа, односно на целокупниот овој процес на промена на Уставот, со цел промена на името и идентитетот на државата се разбира. ВМРО-ДПМНЕ ќе ги користи сите демократски алатки и методи да се спротистави на овој процес- рече Мицкоски.

Додека, на 17 октомври Мицкоски му одговори на помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Вес Мичел дека Договорот за името е неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ.

Текстот е сопственост на Фронтлајн

Дестан Јонузи ЕУ Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 29, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

ВЕСТИ June 29, 2026

Мајка, која беше извлечена од урнатините на нејзиниот уништен дом со своето бебе старо…

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026

Родителите на загинатите во „Пулс“ со порака: Ќе се бориме до последен момент за вистината

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.