Author: Marija Todorovska
Рим: Неколку илјади луѓе се принудени да се евакуираат поради обилните дождови во северна Италија.
Вакцинацијата за сезонски грип почнува денеска и ќе се спроведува на 36 локации во државата. Досега за вакцијација од сезонски грип се пријавиле над 32.000 граѓани.
Од 15-те вработени во скопската Зоолошка градина за кои веќе е завршена епидемиолошката анкета од страна на епидемиолози од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за четворица денеска ќе бидат издадени решенија за здравствен надзор, а кај еден од нив, кој во петокот пројавил симптоми на покачена температура и дијареја ќе биде извршено тестирање за присуство на птичји грип. Поради појава на „птичји грип“ Зоолошката градина во Скопје е затворена трет ден. Здравствените власти и експерите уверуваат дека и покрај појавата на „птичји грип“ нема потреба од паника меѓу граѓаните.
Пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија предлага измени и дополнување на Законот за минимална плата, со кој се предвидува покачување на минималната плата на 27.700 денари, информираше денеска во законодавниот дом пратеникот и лидер на СДСМ Венко Филипче.
Годишниот раст на вкупните депозити во септември изнесува 8,8%, што се должи на зголемените депозити на двата сектора, со поизразен придонес на секторот домаќинства. Вкупните кредити, пак, на годишна основа се зголемени за 7,5% под влијание на растот на кредитирањето на двата сектора, со малку поизразен придонес на секторот домаќинства.соопшти Народна банка.
Десетици членови на грчкиот синдикат на пристаништето го блокираа товарењето на контејнер со муниција наменета за Израел во знак на протест против војната во Газа, изјавија во петокот претставници на крајбрежната стража и синдикатот за Ројтерс.
Во рамки на партнерството помеѓу УНХЦР и Црвениот крст на Град Скопје, денеска во ДХО „Даре Џамбаз“ беше пуштен во употреба Гејминг центар за млади, кој кој ќе биде наменет за користење на младите бегалци, баратели на азил, како и млади од локалното население кои припаѓаат на ранливите категории лица.
Суботица: Ученик од осмо одделение во Суботица за време на попладневна настава со нож повредил ученичка од истото одделение, јавија српските медиуми повикувајќи се на полицијата. Повредите на девојчето се санирани во болница и нејзиниот живот не е во животна опасност. Според првичните информации, ученик од основното училиште „Сечењи Иштван“ во Суботица со нож и нанел повреди на соученичката на рацете и нозете. Брзата помош ја пренела повредената ученичка во болница во Суботица каде и биле санирани повредите. Малолетникот, ученик во осмо одделение, е приведен и ќе биде изведен пред судијата за малолетници на Вишиот суд во Суботица.
Државниот завод за статистика денеска соопшти дека бруто-домашниот производ (БДП) во 2023 година изнесувал 897 694 милиони денари и во однос на 2022 година, номинално е зголемен за 10.0 %, а реално за 2.1 %.
Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР заедно со истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК, а под раководство на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција спроведоа координирана акција во рамките на која е целосно разоткриено злосторничко здружување во западниот дел од земјата. Во акцијата од слобода се лишени 13 лица, а едно лице е недостапно на органите на прогонот. Извршени се претреси на 17 локации во тетовскиот регион и во Охрид.
