Author: Marija Todorovska
Амбасадата на Норвешка во Бејрут е евакуирана откако денеска добила дојава за поставена бомба.
Џелал Незири: Сепак, да се троши толку енергија за етнизирање на науката која ја немаш, но си во делузија дека ја имаш, навистина е надвор од секаков здрав разум. Ако етничките стратегии кои извираат од вкоренетата омраза кон другиот, кои се насочени против другиот, кои за крајна цел имаат разнебитување на другиот, цртање на етнички линии на поделба…се сметаат за наука, тогаш сме во голема заблуда. Вистинската наука дава одговори на проблемите на луѓето. Човекот е во фокусот на науката, не неговото уништување. Само кога е злоупотребена од политиката, науката била свртена против човекот. Линк
Економскиот раст во земјите од Западен Балкан се предвидува умерено да се забрза во текот на 2025 година, главно под влијание на зголемената потрошувачка и инвестициите, потпомогнати со зголемената куповна моќ, се вели во Редовниот економски извештај на Светска банка за Западен Балкан.
Владимир Пивоваров: Кај нас, за жал, 33 години се поставуваат партиски послушници на челните позиции и потоа ни се случуваат несакани работи како, на пример, масовното прислушкување во времето на Сашо Мијалков или Љубе Бошкоски. Со АНБ треба да раководи лице кое поседува интегритет и да си ја знае работата. Тоа ти е како да ми дадете мене Ролс Ројс да возам, а јас не знам ниту Фичо да управувам. Кај нас треба да се почитуваат Уставот и законите, ни помалку ни повеќе. Меѓутоа, кај нас сè се сведува на тоа ‘стави го – наш човек е. Линк
Владата не објасни зошто е разрешен Милошевски, иако мандатот не му е изминат, а ниту образложи зошто го назначува Христовски на оваа функција, високо чувствителна за безбедноста на државата, наспроти тоа што само до неодамна извршуваше партиски функции – што е забрането според закон. Дехран Муратов Владата на Христијан Мицкоски го назначи Бојан Христовски за нов директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ). Тоа предизвика реакции во дел од јавноста и медиумите, затоа што Христовски извршувал партиски функции во ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е во спротивност со стандардите на оваа институција важна за безбедноста на државата.
Одамна сум сигурен во тоа дека мицковистичко дпмне на секој можен начин ќе го одолговлекува влезот на Македонија во ЕУ поради бројни причини, од кои најбитни се оние поврзани со можностите за бизнис коруптивно делување и тоталитарно владеење.
По хаосот внатре и надвор од салата на Парламентот на Албанија, опозицијата го започна следниот протест пред градското собрание на општина Тирана, каде запалија гуми.
Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, повторно ги изнесе тврдењата дека имигрантите од Хаити во Охајо јадат домашни миленичиња, изјавувајќи пред гласачи на латински настан во Мајами дека „само пренел“ што медиумите известувале.
Почина македонскиот композитор и автор на филмска музика Љупчо Константинов. Тој почина на 78 годишна возраст.
На денешната редовна 55. седница, Советот на Општина Велес донесе едногласна одлука, утрешниот ден, 18 октомври 2024 година, да го прогласи за Ден на жалост поради трагичната смрт на тројцата сограѓани во сообраќајната несреќа што се случи вчера, на 16 октомври 2024 година, на автопатот Скопје-Велес.
Фото: Боби Кузмановски Преземено: Скопско астрономско друштво
Момчето К.К. (14), кое изврши масовно убиство во основното училиште Владислав Рибникар во Белград, денеска е изведен во Специјалниот суд каде треба да продолжи да сведочи во судскиот процес против неговите родители Миљана и Владимир Кецмановиќ, јави дописникот на МИА од Белград.
