Author: Marija Todorovska
Стратегијата за иднината на Македонија се сведува на одлагање на преговорите со ЕУ со тоа што ќе се повторува иста мантра: ние сме определени за членство, но не по оваа цена и не со бугарски диктат.
Џабир Дерала: Реториката на Мицкоски не е само политички став – тоа е опасна игра која ризикува да ја повлече Северна Македонија од нејзиното вистинско место во евроатлантската заедница. Неговите антизападни наративи, обвиткани во многуслојна кампања за јакнење на националистичките сентименти и тврдења засновани на лаги и антизападни наративи, се идентични на тактиките што ги користат авторитарните режими во регионот и низ Европа. Доколку не се разобличи, овој пристап ќе ја фрли земјата во изолација, ќе ги уништи придобивките од демократските процеси и сериозно ќе ја загрози стабилноста што ја гарантираат сојузите на демократскиот Запад. Линк
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска сведочеше и поранешниот началник Ристе Самарџиев од Велес во врска со истрагата за исчезнувањето и убиството на Панче Жежовски.
Да издвоиме две поенти овде: Не се неважни фактите што говорат за долгогодишната, непроменета агенда на ултрадесничарите за блокирање на европската иднина на земјата. И – за тоа гласаа повеќе од доволно гласачи на изборите, за таа агенда и да се исполни.
На судењето за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски денеска сведочеше поранешниот помошник началник од Скопје, Музафер Каишиќ кој зборуваше за текот на истрагата за пронаоѓањето на Вања. Во својот исказ тој денеска кажа дека до местото на настанот, каде што го пронашле телото на Вања, ги однел обвинетиот Влатко Кешишов.
Alien е веќе класичен, енциклопедиски пример за култен филмски серијал. Неговата моќна нарација, уникатни визуелизации и незаборавни ликови ќе продолжат да привлекуваат нови генерации на гледачи и да инспирираат нови креативни таленти во годините што доаѓаат.
Вашингтон: Најмалку 92 луѓе се водат како исчезнати во американската сојузна држава Северна Каролина откако ураганот Хелен ги погоди САД кон крајот на септември.
Кавадарци: Лозаропроизводителите бараат зголемување на субвенциите за одржување на лозја, изјави денеска за МИА, Јован Златевски, претседател на Сојузот на здруженија на лозари со седиште во Кавадарци. Тој е претседател и на потсекторската група за лозарство и винарство при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Врховната рада го претстави „планот за победа“, кој се состои од пет клучни точки, пренесува Киев Индипендент.
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски денеска потврди дека до крајот на годинава нема да се воведе дополнителен час евтина дневна тарифа на електричната енергија.
Цената на парното греење во Скопје ќе биде стабилна до следното лето, освен ако не се случи драматична промена на цената кај природниот гас, порача денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски и додаде дека сепак не очекува да има никакви промени.
Украина бара покана за членство во НАТО пред Џо Бајден да ја напушти Белата куќа, изјави висока украинска дипломатка, додавајќи дека тоа би било соодветно наследство за американскиот претседател.
