Author: Marija Todorovska

Од денеска почнува грејната сезона за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје што ќе трае до 15 април 2025 година, со можност за продолжување уште 15 дена во зависност од надворешните температури.

Read More

И покрај целта поставена од ЕУ во 2015 година, сите водни површини да бидат оценети како вода со добар квалитет, само околу една третина од површинските води во Европа се во добра состојба, се вели во извештајот на Европската агенција за животна средина (ЕЕА).

Read More

Со специјални музички миксови достапни за сите и со повеќе настани ќе биде одбележан 15 октомври, роденденот на еден од најпознатите македонски автори и продуценти на електронска музика Мирко Попов (1972-2024). Тој беше и издавач на македонска музика, диџеј, радио водител и уредник, иницијатор и организатор на бројни музички фестивали, програми и културни акции.

Read More

Бродот „Либра“ на италијанската морнарица отпловил од Лампедуза и плови кон Албанија за да ја донесе првата група имигранти во прифатниот центар во пристанишниот град Шенѓин, по што ќе бидат сместени во кампот во Ѓадр.

Read More

Шефот на агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (УНРВА), Филипе Лазарини, денеска изјави дека централна Газа поминала низ „ноќ на ужасот“ откако биле нападнати болницата Ал Акса и училиштето на УНРВА.

Read More

Стокхолм: Нобеловата награда за економија годинава ја добиваат тројцата истражувачи Дарон Ацемоглу, Сајмон Џонсон и Џејмс Робинсон за истражување за разбирањето на разликите во влијанието на просперитетот меѓу народите.

Read More

Неодамна заврши истражувањето на археолошкиот локалитет Влахо во Пелагонија. Центарот за истражување на предисторијата известува дека на овогодинешното истражување се вршеше сондажно ископување во задниот дел на неолитската населба со цел да се направи увид во културните слоеви на овој простор. Се констатирало дека тие се напластени во длабочина поголема од 2 метри и се доста подлабоки од оние детектирани во сондите во источниот и јужниот дел, што укажува на особено интензивен живот во оваа населба во текот на раниот неолит.

Read More

Претставници на Европската банка за обнова  развој (ЕБОР) од денеска до петок ќе престојуваат во посета на земјава каде ќе остварат средби со претставници на власта, граѓанските здруженија и бизнис секторот.

Read More