Author: Marija Todorovska
Брисел: Контроверзниот нов план на Полска за одбивање на мигранти кои доаѓаат преку границата со Белорусија ризикува да ги прекрши обврските на земјата за човекови права, предупреди денеска Европската Унија.
Брисел: Советот на ЕУ денеска воведе нови рестриктивни мерки против седум поединци и седум субјекти поврзани со трансфер на ирански проектили и беспилотни летала во Русија.
Од утре почнува грејната сезона, но во основните училишта во општина Карпош испораката на топлинска енергија ќе почне од 1 ноември. Ова, како што информираат од АД ЕСМ, е на барање на Општината.
Во Основен кривичен суд Скопје во врска со убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски денеска сведочеа и ќерката на Панче, Ана Киркова, и нејзиниот сопруг, Тодор Кирков. На прашања на обвинителката Жаклина Лазаревска, Киркови сведочеа за моментот кога увиделе дека Жежовски го нема, пријавата во полиција и неговото пронаоѓање.
Холандија го намали бројот на затвореници за повеќе од 40 отсто во последните 20 години. На спротивната страна од спектарот, Британија има највисока стапка на затворско население во западна Европа и се соочува со невидена криза во затворите.
Со сведочење на мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, во Основен кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.
НАТО денеска ја започнува својата годишна нуклеарна вежба, во која во следните две недели ќе учествуваат околу 2.000 воени лица од осум воздушни бази, јави ДПА.
Скопје: Со претставата „1984” од Џорџ Орвел, во режија на Игор Менџиски и во изведба на Националниот театар од Приштина, вечер од 20 часот на сцената на Албанскиот театар – Скопје ќе биде отворен 18. Меѓународен театарски фестивал „Скупи фестивал“ – Скопје кој ќе се одржува до 19 октомври.
Тетово: Планинарскиот клуб Х20 од Скопје заедно со повеќе клубови од државата во сабота 19 октомври ги повикува жените да се приклучат на женска планинарска акција и искачување на Титов врв на Шар Планина, а по повод месецот за борба против ракот на дојката.
Во германскиот главен град денеска ќе се одржи самит на т.н Берлинскиот процес, на кој ќе присуствуваат претставници на шесте земји од Западен Балкан како и на Европската Унија.
