Author: Marija Todorovska
Со импровизиран напад на градот и богат огномет Прилеп ги почна чествувањата за 11 Октомври, денот на народното востание и 83 годишнината од почетокот на антифашистичката борба. Во центарот на градот неколку илјади прилепчани се придружија на одбележувањето и богатата програма на камената бина на плоштадот Александрија. Голем дел го посетија и меморијалниот музеј „11 Октомври“, некогашната полициска станица – Участакот со чиј напад на 11 октомври 1941 година беше означен почетокот на народното востание.
Добротворната организација за заштита на природата соопшти дека за 50 години бројот на диви животни е намален за 73 отсто, што, според неа, е „катастрофална загуба“.
Вашингтон: Најмалку 10 луѓе загинаа кога ураганот Милтон ја погоди јужната американска држава Флорида, изјави денеска висок владин претставник.
Ја нагласуваме важноста од континуирано спроведување на Охридскиот рамковен договор, кој повикува на целосно почитување на принципот на недискриминација и еднаков третман, особено во јавната администрација, велат од Делегација на ЕУ, прашани за став во врска со одлуката на Уставен суд за укинување на „балансерот“.
11 Октомври – Ден на народното востание. Овој ден ја одбележува годишнината од почетокот на народното востание против фашистичката окупација во Втората светска војна во 1941 година. Симболизира борба за слобода и независност и остава длабок печат во колективната свест на македонскиот народ.
Министерството за здравство соопшти дека од денеска, преку веб страницата – vakcinacija.mk, почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризични групи население.
Прилеп и Куманово со богата програма ќе го одбележат националниот празник 11 Октомври.
Никој не може да предвиди накаде ќе се развива, но исто не може да тврди дека немаме Сирија, ционисти и Палестина во комшилук па затоа нема да сме Либан?!Тоа е само надворешна гаранција во случај кога си изградил куќа само со потпорни ѕидови од соседите, но треба секогаш да се има на ум дека истите тие ѕидови не зависат од тебе и твои одлуки на уставен суд и тие ѕидови не те штитат од разорот што може да се случи ако некои неодговорни суштества во руво на уставни судии ти го рушат некој централен столб.
Скопје: Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2024 година, 90.8 % од домаќинствата имале пристап на интернет од дома.
Сараево: Босанка направи хуман и достоен гест за почит во овие тешки времиња за Босна и Херцеговина. Имено, таа на својот Фејсбук-профил објави дека ќе му подари куќа и земјиште на семејство погодено од поплавите, т.е. сака да им помогне на оние кои останаа без дом.
