Author: Marija Todorovska

Европската унија е подготвена да ја заврши фазата на отворање на пристапните преговори со Северна Македонија веднаш штом ќе ја спроведе својата обврска за завршување на уставните измени како што е наведено во заклучоците на Советот од 18 јули 2022 година, во согласност со нејзините внатрешни процедури. Во декември 2023 година, Европскиот совет дополнително ја повика Северна Македонија да го забрза завршувањето на овие промени, изјави Писонеро за „Фронтлајн“.

Read More

Европската Унија ги мобилизира сите алатки за реакција при итни случаи со кои располага, за да обезбеди поддршка на луѓето погодени од актуелната криза во Либан, информира денеска портпаролот на ЕК за хуманитарна помош и справување со кризи Балаж Ујвари.

Read More

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје попладнево официјално ја пушти во употреба новата дигитална платформа базирана на вештачка интелигенција за транскрипција на говор на македонски јазик – „Буки“, која овозможува унапредено користење на официјалниот јазик при креирање текстови во дигитална форма.

Read More

 Најмалку 18 лица, меѓу кои пет деца и две жени, загинаа во израелските напади во централниот и северниот дел на Газа, соопштија денеска претставници на локалните власти контролирани од исламистичкото движење „Хамас“ на палестинската територија

Read More

Се заменуваат плочите на дел од платото на Спомен-костурницата на паднатите борци од НОВ во Куманово, информираа од Министерството за култура.

Read More

Претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ на прес-конференцијата во Тиват рече дека на лидерската средба на процесот Брдо-Бриони е усвоена заедничка Декларација. Сепак, тој додадава дека влезот во ЕУ не е само потреба и декларирана цел, туку геополитички и морален императив за Западен Балкан.

Read More

Во 18 одвоени случаи во морските делови кај островите во Егејското море што се во близина на турското крајбрежје и во јужниот дел на островот Крит, во изминатите четири дена биле откирени и спасени 588 бегалци и мигранти и уапсени 22 криумчари.

Read More

Во последните десетина години 40 отсто од високообразовниот и стручен кадар заминува од земјата. Северна Македонија е во топ 20 земји со емиграција на високобразовните и стручни кадри, а на петто место во рамки на Европската унија, истакна денеска државниот ревизор Максим Ацевски пред собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетски прашања.

Read More

Актуелната министерка за образование Весна Јаневска е докажан дисциплиниран извршител на партиските задачи. Тоа се покажа за прв пат во рушењето на започнатиот Попис на населението во 2011 година. Но сега во прашање е образованието – тврдо и нечувствително ги урива социјалните договори со просветните работници, ја води ситуацијата кон можен генерален штрајк во таа област. Не се воздржува ни од закани за „вишокот на наставници“ од 3.000 наставници! А за отсуството на асистенти на децата со посебни потреби и да не се говори – нема изговор што може да ја оправда пред јавноста.

Read More