Author: Marija Todorovska
Штом во Скопје осамнаа билбордите на маркетиншката влада на ВМРО ДПМНЕ со жестоката кампања за комуналните избори што ќе се одржат идната година, големи чуда ќе се случуваат во Македонија. Пишува Ерол Ризаов
Политичката цена што можеме да ја платиме како држава заради заложништво и евентуално мешање на Унгарија во внатрешните работи е позадината во овие 500 милиони и може да е поштетна и поголема, отколку придобивката од кредитот, истакна пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи во дебатната емисија „24 анализа“ на телевизија 24.
Париз: Полицијата на шест европски земји и Интерпол повторно отвораат истрага за 46 жени кои биле убиени или починале под сомнителни околности за да се идентификуваат нивните останки, соопшти денеска Интерпол.
Израел во текот на ноќта гаѓал јужни предградија на Бејрут, откако израелската армија издаде предупредување до жителите на областа, јавија либанските државни медиуми.
– Украина им нуди на своите партнери да одлучат како го гледаат крајот на војната со Руската Федерација и местото на Украина во глобалната безбедносна архитектура, изјави претседателот на Украина Володимир Зеленски.
Ураганот Милтон денеска ќе го погоди регионот Тампа Беј на Флорида, најавуваат метеоролошките служби
Мајами: Ураганот Милтон од петта категорија денеска ќе го погоди регионот на заливот Тампа во Флорида, соопштија метеоролошките служби, а градоначалничката на Тампа Џејн Кастор ги предупреди жителите да ги слушаат властите и да се евакуираат.
Трошоците на животот во септември 2024 година, во однос на септември лани, бележат зголемување од 2.6 %, а цените на мало од 3.3 %, соопшти Државниот завод за статистика.
Струмица: Комуналното претпријатие „Турија“- Василево доцна синоќа ги информираше жителите од населените места во општина Василево-Василево, Градашорци, Ангелци, Едрениково, Добрашинци, Нова Маала и Чанаклија, кои со вода за пиење се снабдуваат од браната „Турија“, односно преку филтер станиците „Ташли Баир“ и „Добрашинци“, но и жителите на селата Дукатино, Сушево и Владевци дека по направените најнови физички, хемиски и микробиолшки анализи водата не е за употреба и пиење.
Владата сака да биде проевропска и да ја види државата интегрирана во рамки на ЕУ, но не по секоја цена, туку по нормална траекторија во која што би биле со сочувано достоинство. За ова имаме поддршка од 26 земји членки, освен од нашиот источен сосед, изјави синоќа премиерот Христијан Мицкоски. Опозицијата, пак, вчера се огласи со повторно барање за затворена собраниска седница за власта да го каже планот за евроинтегративниот процес на земјава.
Атланта: Врховниот суд на американската држава Џорџија ја врати забраната за речиси сите абортуси по околу шест недели од бременоста.
Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел, денеска предупреди дека целиот Блиски Исток е на „работ на целосен оган што меѓународната заедница се чини дека не може да го контролира“.
Париз: Во Атлантскиот Океан е забележана интензивна активност на урагани, додека во Јужна Америка потпросечните врнежи неколку месеци доведоа до силна суша.
