Author: Marija Todorovska
Мадрид: Смртните случаи на 1.149 лица во Шпанија може да се припишат на неодамна завршениот 16-дневен бран на грип, проценува Институтот за истражување на јавното здравје „Карлос Трети“.
Во пресрет на локалните избори закажани за 19 октомври, во сабота на 23 август почнува јавниот увид во Избирачкиот список кој трае 20 дена односно до 11 септември на полноќ. ДИК го потпишува заклучениот Избирачки список, односно изводите од Избирачкиот список на кои се гласа, најдоцна на 3 октомври.
Државната изборна Комисија денеска не го донесе упатството за пополнување на образец на листи за кандидати за членови на совети на општини и на Градот Скопје, откако членот на ДИК Дитмире Шеху побара одлуката да се донесе со консензус, едносгласно, повикувајќи се на одредби од Изборниот законик кои, како што рече, предвидуваат член на Комисијата да може да побара вакво гласање ако одлуката се однесува на немнозинските заедници.
Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Билјана Ивановска, која објави кандидатура за градоначалничка на Центар како кандидат на „Независни заедно“, денеска беше на распит во Обвинителство во врска со кривична пријава против неа.
Со оглед на бројот на возила и намалениот број на вработени во Затворска полиција, КПУ Затвор Скопје постапува и ќе постапува согласно своите можности и капацитети, вели директорот на затворот Бобан Утковски, по реакцијата од Основниот кривичен суд Скопје за одложените рочишта поради неспроведување на притворени лица.
Основниот кривичен суд Скопје денеска преку соопштение реагира дека рочиштата за главна расправа биле одложени поради непостапување на Затворските установи.
Еден од најконтроверзните чекори на новата влада на Христијан Мицкоски, со поддршка од коалицискиот партнер ВЛЕН, беше укинувањето на таканаречениот „балансер“ – административна алатка што ја гарантираше правичната застапеност при вработување во јавниот сектор според етничка припадност. Балансерот беше воведен како директна институционална имплементација на Охридскиот рамковен договор, со цел да се надмине историската нерамнотежа во застапеноста на етничките заедници, особено на помалите.
Повеќе од 170 нафтени дамки и бродско гориво се регистрирани во изминатата година во бугарските води на Црното Море, со вкупна површина од 819 квадратни километри, покажуваат податоците на невладините организации „Гринпис – Бугарија“ и SkyTruth, пренесува БТА.
Граѓанската иницијатива SupportKocani ја информира јавноста за состојбата со донациите и реализираната помош заклучно со 19 август 2025 година. Оваа иницијатива, која беше формирана веднаш по трагичниот настан на 16 март 2025 година во Кочани, продолжува да работи транспарентно, координирано и во интерес на сите засегнати лица и нивните семејства.
На територијата на државава до 12 часот регистрирани се вкупно три пожари на отворен простор. Во моментов активен е еден пожар, а другите два се целосно изгаснати, информираат попладнево од Центарот за управување со кризи.
Стапката на самоубиства на глобално ниво се намали за речиси 30 отсто во последните три децении, покажува голема меѓународна студија објавена во списанието Нејчр Ментал Хелт (Nature Mental Health).
Истанбул: Властите во Истанбул планираат постепено претворање на историскиот центар на градот во пешачка зона, со целосна забрана за влез на приватни автомобили, јави весникот „Хуријет дејли њуз“.
