Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ивановска по распитот во Обвинителство: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

0
By Marija Todorovska on August 19, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 19, 2025 15:17

Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Билјана Ивановска, која објави кандидатура за градоначалничка на Центар како кандидат на „Независни заедно“, денеска беше на распит во Обвинителство во врска со кривична пријава против неа.

Ивановска, во изјава за медиумите, по нејзиниот распит во Обвинителсто, рече дека била повикана поради кривична пријава за несовесно работење по член 353, додека била претседателка на Антикорупција, нагласувајќи дека не може да сподели за кој предмет точно се однесува за да не попречува на работата на Обвинителство.

Обвинета сум дека наводно начинот на кој што ние сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било на некој начин, спорно за пријавителот. Денеска на средбата со обвинителката јас појаснив на кој начин ДКСК ги оформува предметите. Во конкретниот случај бил отворен предмет по сопствена иницијатива, на член на нашата комисија. Предметот се работел, на крајот предметот е без некои наоди и постапката е завршена без никакви сомнежи понатаму, но она што било спорно за пријавувачот е на кој начин ние сме комуницирале со јавноста, изјави Ивановска.

Според Ивановска, нема ништо спорно, нагласувајќи дека на обвинителката убаво и објаснила како постапува ДКСК, која е улогата на Претседателот на ДКСК – дека ги потпишува одлуките кои се носат колективно со мнозинство од членовите, без разлика дали е тоа за отворање или затворање на предмет.

 Пријавата е до мене бидејќи јас сум потписник. Од познат подносител е, не е анонимна. Не ме прашувајте понатака. Не е убаво од моја страна да им попречувам во процедурата, изјави Ивановска.

Во однос на поканата која ја доби во истиот ден кога ја објави кандидатурата за градоначалник на Општина Центар, Ивановска рече дека „мислењето на јавноста за ефикасноста на јавнот обвинителство е такво, какво што е и тоа остава простори за сомнежи, не кај мене, туку општо кај граѓанството“.

Ако јавното обвинителство постапувало секогаш ревносно и за кратко време ги доставувало пријавите што треба, тогаш никој немало да се посомнева, зошто сега или зошто утре, задутре. Од тука произлегуваат сомнежите. И мене ми е прашањето дали сите пријави кои што биле арховирани на 25 јули се доставени на 14 август и тоа од страна на полиција, изјави Ивановска.

Прашана дали останува сомнежот дека има поврзаност со нејзината изборна кандидатура, Ивановска рече дека „не сака да верува во тоа“ и дека само кажала што и се случило.

Знаете како е. Ние секогаш сме пред една голема лекција за демократија и мора да ја учиме демократијата. Мораме да оставиме слобода и волја на граѓаните, слободно да мислат и да размислуваат. И тоа е тоа. Предизборието е секогаш можност да направиме проценка до каде сме со нашето растење. Еве и ова е една од тие лекции, изјави Ивановска.

Ивановска на 14 август објави дека ќе се кандидира за градоначалничка на Центар како кандидат на „Независни заедно“, а следниот ден  преку својот профил на Фејсбук објави дека полицијата вечерта и доставила кривична пријава.

По 11 часа откако ја објавив мојата кандидатура за градоначалничка на Општина Центар, полицајци затропаа на мојата врата. Синоќа во 20:30 часот двајца полицајци ме побарале да ми врачат кривична пријава, но јас не бев дома. Утринава веднаш појдов да ја подигнам Поканата од ОЈО Скопје за да видам за што станува збор. Ме повикуваат на разговор на 19 август. Јас немам што да кријам, имам чиста совест и не се плашам од никакви закани и ниски удари и притисоци. Мојата цел е достоинствен живот во Центар и нашата битка заедно со „Независни заедно“ е отпор против воспоставените антивредности на корупција и клиентелизам кои нè доведоа до оваа ситуација, напиша Ивановска

Билјана Ивановска ДКСК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.