Author: Marija Todorovska
Рим: Италијанската Влада воведе нови мерки против несовесните возачи – со нова регулатива и казни наменети за секој кој фрла ѓубре надвор од одредените области. Лицата кои ќе ги прекршат одредбите од новата регулатива се соочуваат со високи казни, но и со затворска казна.
Хамас се согласи на 60-дневен предлог за прекин на огнот со Израел, кој вклучува враќање на половина од заложниците држени во Газа и ослободување на некои палестински затвореници од страна на Израел, изјави во понеделник египетски официјален извор, пренесува Ројтерс.
Во 13 часот по локално време, претседателот Доналд Трамп го пречека претседателот на Украина Володимир Зеленски на прагот на Белата Куќа, за околу 15 минути подоцна да седнат во Овалната соба да одговорат на прашањата од новинарите. Зеленски пристигна во САД придружуван од неколку европски лидери, вклучувајќи го британскиот премиер Кир Стармер, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц. Средбата се организира со цел да се разговара за ставање крај на руската војна во Украина.
На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска и утре се спроведува првото пријавувње за упис во прва година додипломски студии за академската 2025/2026 година.
Со овие освојувања Русија не го потиснува НАТО туку му се приближува и дури му влетува во прегратка што значи дека или опасноста од ширење на ЕУ и НАТО преку Украина била само изговор за агресијата (како што тврдам јас) или дека истата приказна за безбедносните опасности за Москва сега може да биде преобјавена за близината на Полска, Финска, Естонија, Латвија и Литва, Романија и Бугарија, можеби, дури, и за малото Нордче. Заедно со нуклеарните закани чија ефикасност Москва ја провери на примерот со Украина, сега Русите можат да ги објават претензиите кон кое било парче европска земја.
Белешки од темнината, за Огледалото од кое се плашиме и Вистината што ја напуштаме.
Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје се уште останува затворен за секаков вид на возила, соопшти АМСМ.
Амбасадорот на Европската Унија во Белград, Андреас фон Бекерат, повика на темелна истрага за секое сомневање за прекумерна употреба на сила од страна на полицијата врз демонстрантите во Србија, по вчерашната средба со претседателката на Народното собрание, Ана Брнабиќ.
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, соопшти дека остварил телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин и започнал подготовки за тристрана средба со него и украинскиот претседател Володимир Зеленски, со цел изнаоѓање решение за конфликтот во Украина.
На повик на студентите во блокада граѓани се собраа и го блокираа влезот на судот во Нови Сад за да извршат притисок врз властите да ги ослободат политичките затвореници.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски се среќава со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, каде што се собраа и други европски лидери на разговори. Атмосферата во Овалната соба беше многу поколегијална од експлозивната тепачка што се случи таму во февруари. Трамп рече дека планира да му се јави на рускиот претседател Владимир Путин по денешните состаноци, пишува Си-ен-ен, а пренесува ЦивилМедиа.
Полициската управа на градот Њујорк издаде предупредување до граѓаните да ја избегнуваат областа на Тајмс Сквер поради „активна полициска истрага“.
