Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мирот како пораз

0
By Marija Todorovska on August 19, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 19, 2025 10:39

Со овие освојувања Русија не го потиснува НАТО туку му се приближува и дури му влетува во прегратка што значи дека или опасноста од ширење на ЕУ и НАТО преку Украина била само изговор за агресијата (како што тврдам јас) или дека истата приказна за безбедносните опасности за Москва сега може да биде преобјавена за близината на Полска, Финска, Естонија, Латвија и Литва, Романија и Бугарија, можеби, дури, и за малото Нордче. Заедно со нуклеарните закани чија ефикасност Москва ја провери на примерот со Украина, сега Русите можат да ги објават претензиите кон кое било парче европска земја.

Бранко Тричковски

Чемберленската парада во Белата куќа нема да биде без важни плусеви ако се покаже дека предобрата воља што ја емитираше ќе успее да се наметне како фактор кој ќе придонесе да сопре војната во Украина, но ништо, па дури ни престанувањето на убивањата и разорувањата од страна на агресорот, нема да може да ја избрише паралелата со Минхенската конференција од 1939 година и можните сериозни и комплексни импликации од мирисот на баварските пивници.
Комплетната политичката репрезентација на Запад, на чело со најзападниот западњак, поглавицата од Мар е Лаго, прво, се согласи дека украинските судети можат веќе утре да му бидат предадени на рускиот адолф, второ, дека се подготвени тоа беспризорно и крваво освојување на туѓа територија да го веруфикуваат низ свои политички декларации, трето, дека се спремни агресорот да го наградат со симнување на сите санкции кон него, четврто, дека ќе најдат начин да го симнат рускиот цар од меѓународната потерница на Трибуналот во Хаг и, конечно, се согласија дека меѓународниот правен поредок на кој се повикуваа и на кој ја темелеа својата позиција и мерките што ги преземаа, е безвреден лист хартија кој сите заедно ќе го стуткаат и фрлат во првата корпа за отпадоци, откако прво ќе ги легитимираат руските освојувања.
Да, за санација на нечистата совест и на свеста за поразот ќе напишат збирка писма за украинските деца што ги киднапираа руските војници, со тоа што страшниот геноцид според стандардите на ООН, ќе биде истретиран како воено злосторство или пијана работа на руските војници. Без многу грижа за тоа дека децата што Путин ќе ги врати нема да бидат истите деца што неговите единици ги однесоа питај бога во кои логори за превоспитување.
И безбедносните гаранции за Украина!
Кои на фонот на се што се случи звучат како алибично Блаблабла!
И уште нешто многу важно: со овие освојувања Русија не го потиснува НАТО туку му се приближува и дури му влетува во прегратка што значи дека или опасноста од ширење на ЕУ и НАТО преку Украина била само изговор за агресијата (како што тврдам јас) или дека истата приказна за безбедносните опасности за Москва сега може да биде преобјавена за близината на Полска, Финска, Естонија, Латвија и Литва, Романија и Бугарија, можеби, дури, и за малото Нордче. Заедно со нуклеарните закани чија ефикасност Москва ја провери на примерот со Украина, сега Русите можат да ги објават претензиите кон кое било парче европска земја.
Украина беше помагана и од Европа и од САД, но секогаш со временски доцнења и ограничувања и на воената помош и на сите други мерки, посебно на бескрајното развлекување на санкциите. На крајот, прво со Маск и дефинитивно со Трамп, Украина, која освен себе ја бранеше и Европа, па и геополитичката позиција и моќ на Америка, односно формацијата на целиот таканаречен Запад, беше оставена да се движи кон моментот кога нема да има друг излез освен да го признае и прифати поразот.
Територии за Путин- минерали за Трамп.
За Зеленски не се знае што, кога и како.
Па уште почнаа Украина да ја третираат и како фактор кој ја предизвикал војната.
Не мораше да биде така, се разбира.
Русија можеше да биде поразена односно светот можеше да се ослободи од опасната бесмисла односно грозната смисла на таа огромна империја на која се и е блиско и опасно освен здравиот разум и модерноста.
Трамп ќе добие Нобел.
Така ќе биде извалкан уште еден симбол на западната цивилизација.
Но, и ние имаме смисла за реалноста.
Одиме на пиво кое ќе ни помогне да се донадеваме дека Берлин нема да биде новиот Сталинград.
Или, можеби треба па Третата светска војна да заврши со бесење на знамето на слободата на Кремљ.
Поклон кон епската, херојска и праведна борба на украинскиот народ, неговите војници и неговото политичко и воено водство.
Од Фејсбук ѕидот на авторот 
Бранко Тричковски Трамп Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.