Author: Marija Todorovska
Преспа утрово повторно се разбуди обвиена во чад по деноноќното уништување предизвикано од неконтролираниот пожар во Паркот на природата Езерани.
Што и како се договорило, конкретно не знаеме но апстрактно, па еве гледаме – наместо Ралев од СДСМ, Шукова од СДСМ, наместо голема можност за победа на СДСМ со Ралев, голема можност за пораз на СДСМ со Шукова.
Вредноста на синдикалната минимална кошница за домаќинство за јули 2025 година изнесува 65.328 денари и е зголемена за 630 денари во однос за претходниот месец (јуни 2025) кога изнесуваше 64.698 денари, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија.
Одлуката за престанок на функцијата и разрешувањето на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) е во надлежност на Собранието на Република Северна Македонија, согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси. Како што се наведува во денешното соопштение од ДКСК, поднесување оставка како морален чин е одлука и право на самата претседателка на Комисијата.
Пратениците во Собранието на Косово денеска на 50-то продолжение на конститутивната седница не обезбедија избор на комисија за тајно гласање за претседател на парламентот.
Анкара: Голем шумски пожар што беснее од вчера во близина на градот Гејве во северозападна Турција предизвика евакуација на две населени места, јави Анадолија.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини донесе решенија за финансиска поддршка на домаќинства со едно или повеќе деца со попреченост, корисници на посебен додаток и решенија за стекнување финансиска поддршка на домаќинствa згрижувачи кои згрижуваат од едно лице до пет лица во своето семејство.
Атина: Нов силен топлотен бран од денеска ја зафати Грција со температури што почнувајќи од утре и во следните денови се очекува постепено да се зголемуваат и да достигнат и до 42-43 степени Целзиусови во повеќе делови на земјата.
Очигледно министерот Панче Тошковски оди по стапките на својот идол – Никола Груевски и делува како негов партиски клон, велат од СДСМ реагирајќи на предлог законските измени во Законот за полиција.
Полската војска ноќеска ги крена борбени авиони поради зголемена руска воздушна активност во близина на границата со Украина, соопшти Оперативната команда на вооружените сили на Полска.
Косовските пратеници денеска по 50-ти пат ќе се обидат да го конституираат парламентот, со избор на неговото раководство, само неколку дена пред истекот на рокот што го одреди Уставниот суд – 26 јули.
