Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Финансиска поддршка на ранливи категории граѓани за намалување на трошоците за потрошена електрична енергија

0
By Marija Todorovska on July 21, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 21, 2025 11:40

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини донесе решенија за финансиска поддршка на домаќинства со едно или повеќе деца со попреченост, корисници на посебен додаток и решенија за стекнување финансиска поддршка на домаќинствa згрижувачи кои згрижуваат од едно лице до пет лица во своето семејство.

Решенија се дел од мерките за директна финансиска поддршка на ранливите категории граѓани, со цел намалување на трошоците за потрошена електрична енергија. Како што наведува Министерството, мерките се насочени кон унапредување на животниот стандард на домаќинствата со деца со попреченост, како и на семејствата згрижувачи.

Согласно протоколот потпишан со ЕВН Хоме на месечна основа, најдоцна до 5-ти во месецот, контакт лицата од МЕРМС до контакт лицата од ЕВН доставуваат листи на корисници на кои треба да им се намалат фактурите за потрошена електрична енергија за актуелниот месец согласно Програмата, соопшти Министерството.

Појаснува дека листите ги доставуваат до контакт лицата, во електронска форма, на електронската адреса: kontakt_ranlivi@evn.mk

Секоја од листите треба да биде во Excel формат (.xls / .xlsx) и да содржи: Број на донесено Решение од Министерството; Број на корисник од базата на ЕВН Хоме; Број на место на потрошувачка и Износ на директна финансиска поддршка.

По доставување на листите, а најдоцна во рок од три работни дена, Министерството врши уплата на вкупниот износ на директна финансиска поддршка за тој месец на ЕВН Хоме. Информација за налогот за исплата ќе се достави на мејлот: kontakt_ranlivi@evn.mk

ЕВН Хоме на месечно ниво, најдоцна три дена од датумот на реализираната на корисниците од листата им го одобрува дефинираниот износ на директна финансиска поддршка, и го евидентира како претплата на бројот на корисник.

Како што наведува Министерството, претплатата ќе биде видлива во евиденцијата на ЕВН Хоме и ќе биде употребена за намалување на износот за плаќање на следната фактура за потрошена електрична енергија. Намалувањето ќе биде прикажано како „Износ во претплата“ во фактурата.

Доколку износот во претплата е поголем од вкупниот износ за плаќање на фактурата, преостанатиот износ во претплата по основ на директна финансиска поддршка ќе биде употребен за намалување на износот за плаќање на следните фактури, сè до целосно исцрпување.

По евидентирање на претплатите на броевите на корисниците, ЕВН Хоме до контакт лицата од МЕРМС на мејл адресите доставува вкупен Извештај на евидентирани претплати за сите категории на корисници од овој Јавен оглас.

Со оваа иницијатива, институциите го потврдуваат својот ангажман во насока на создавање социјално одговорно општество и обезбедување поддршка таму каде што е најпотребна. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ќе продолжи активно да работи на реализација на програмите кои го олеснуваат пристапот до енергија за ранливите категории, во партнерство со сите релевантни чинители, се наведува во соопштението. 

домаќинства ЕВН поддршка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.