Author: Marija Todorovska
Од партијата Левица најавија тужба против Петар Богојески за клевета и навреда, како и кривична пријава за предизвикување омраза, раздор и нетрпеливост врз основа на политичка припадност.
Багдад: Најмалку 61 лицe загина, а неколку се водат како исчезнати во голем пожар што избувна во хипермаркет во градот Кут, во источен Ирак, пренесе Ал Џезира повикувајќи се на државната новинска агенција ИНА.
Повеќе инвеститори поднесуваат колективна тужба против директорот на компанијата „Мета“, во чија сопственост е Фејсбук, Марк Закерберг, во износ од осум милијарди долари.
Париз: И покрај напорите на владата во Париз, замрзнувањето на одредени фондови и ветувањата за масовни заштеди, јавниот долг на Франција се зголеми за уште 40,5 милијарди евра за само три месеци, достигнувајќи 3,346 трилиони евра на крајот на март. Ова го покажуваат податоците што на рајот на јуни ги објави Националниот институт за статистика и економски студии (ИНСЕЕ). Се проценува дека таа бројка сега веќе изнесува над 3,5 трилиони евра. Долгот на Франција достигна 114 отсто од нејзиниот БДП, со што сега го има третиот најголем долг во Европската Унија и Италија. Буџетскиот дефицит на земјата изнесува пет проценти.…
Во сабота на малата сцена на Македонскиот народен театар премиерно ќе биде изведена претставата „Лов на дива свиња“ по текст на црногорската писателка Марија Сарап, во режија на Наташа Поплавска.
Истанбул: Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, е осуден на вкупно една година и осум месеци затвор во еден од случаите што се водат против него, јави турската телевизија СиЕнЕн-Турк.
Деведесет пријави за неправилности во здравствениот систем од граѓани од сите градови, а најмногу од Скопје, досега се евидентирани на веб страницата на Министерството за здравство. Ова денеска го истакна министерот за здравство Азир Алиу, кој рече дека нивна работа е да процесираат до моментот кога ценат дека навистина во тие пријави има индикации дека треба да се продолжи со постапката.
Дијана Тахири: Во контекст на „големи странски инвестиции“, градење автопати со децении – а плаќање и плаќање патарини, мислиш возиме по некоја ѕвездена патека, политичка и секаква моќ а нула одговорност, со еден збор арамилак, ќе споделам нешто од моето детство, верувам слично на многу мои врсници.
Согласно она што го имам денеска како информација во рамки на оперативна акција преземена во врска со пожарите досега се лишени од слобода околку 20 лица. Дел беа во куќен, дел во ефективен притвор, а дел пуштени на слобода поради тоа што беа малолетници, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Европската опсерваторија за дигитални медиуми (ЕДМО) формира нов регионален центар, чија задача ќе биде да ги поддржи Украина и Молдавија во борбата против дезинформациите.
АРНО го отвори повикот за 11-тото издание на националниот натпревар „Зелени идеи“, кој ќе трае до 27-ми август 2025 година. И оваа година се повикуваат сите кои имаат иновативна идеја или веќе постоечки зелен бизнис да се пријават и да се натпреваруваат за поддршка на нивната зелена идеја. Секоја година, тројца претставници од секоја земја се натпреваруваат на регионално ниво, за финансиска поддршка од 10.000 или 5.000 долари.
Во 2024 година, 27,0% од населението на ЕУ не било во можност да си дозволи една недела годишен одмор надвор од местото на живеење, соопшти Евростат.
