Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во сабота македонско-црногорска премиера на „Лов на дива свиња“ во МНТ

0
By Marija Todorovska on July 16, 2025 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 16, 2025 14:57

Во сабота на малата сцена на Македонскиот народен театар премиерно ќе биде изведена претставата „Лов на дива свиња“ по текст на црногорската писателка Марија Сарап, во режија на Наташа Поплавска.

Претставата е копродукција помеѓу МНТ, Градско позориште од Подгорица и Здружението за развивање на уметност и културна соработка „Арт Медиа“ од Скопје и е прва соработка по потпишаниот Меморандум за продлабочување на културна и уметничка размена меѓу Северна Македонија и Црна Гора.

Во претставата играат актери од двете земји: нашите Искра Ветерова-Славенска, Ана Стојановска и Мина Јелушиќ-Јериниќ и гостите од Црна Гора – Ѓоргије Татиќ и Вукан Пејовиќ, кои на сцената ќе зборуваат на македонски и на црногорски јазик.

Претставата е праизведба и е спој на два драмски текста од современата авторка Сарап – „План Б“ и „Лов на дива свиња“, и двете тематизираат интимна приказна за жени што трпат семејно насилство и прашањето како да се спротивстават и да се заштитат во тие токсични околности во кои забораваат на себе и се преобразуваат во нешто што не се.

На прес-конференција во МНТ денеска авторката Сарап кажа дека се работи за приказна за „демоните што ги ловиме цел живот во себе и се обидуваме да ги избркаме од себе за да бидеме подобри луѓе“.

И за целото тоа време се појавуваат сите други што нѐ разубедуваат дека не постојат демони и дека работите се решаваат на друг начин, а не како што ние замислуваме, и на тој пат ние се враќаме назад … Она што ни стана јасно уште од првите проби и што никој не може да ни го земе е дека никој не смее да ве тепа, никој не смее да ви ги одзема децата – никој. Ако тоа се каже на јасен начин низ текстот и преку режијата и актерската игра – ние сме успеале колективно. Не се работи за театарот и за секој од нас лично, туку се работи за сите нас – да станеме подобри луѓе, истакна Сарап, која е и уметнички директор на Црногорскиот народен театар.

Режисерката Поплавска додаде дека се работи за „женска тема со јасна порака“.

Приказна за семејно насилство и семејни тајни, демони што се пренесуваат во фамилијата. Женски крик за сите жени кои доживеале барем малку од она што ќе се види на сцената, за жени кои молчеле и се прашувале дали да кажат и кому да се обратат. Ова е апел и до институциите. Мисијата сме ја постигнале ако барем некој во публиката се реши да си каже: Доста е!, истакна Поплавска.

Актерката Искра Ветерова-Славенска, која по повеќе години се враќа на сцената, посочи дека се обидуваат да ги најдат причините за тоа зло, трауми и стравови, но не за да ги оправдаат, туку, рече, како да се соочат со нив и да ги пресретнат.

Жената направила избори во животот и сега живее со последиците. Со нејзиното преиспитување се отвора приказната за причините за насилството … на крајот имаме решение како да ставиме точка на сето тоа, додаде Ветерова-Славенска.

Црногорскиот актер Татиќ кажа дека првпат глуми лик на насилник и предизвик му било да проникне во таа мрачна страст што човека го тера да биде груб со оглед, рече, дека сите се раѓаме добри.

Тоа што се случува во претставата и тоа што им се случува на други жени и семејства најчесто останува зад затворени врати. Не ме привлече насилството туку повеќе страста која имплодирана добива сосема поинаков, мрачен пресврт. Прашањето што ме интересираше е што е тоа што го обележува еден човек во неговото растење, кој е тој тригер, траума, за тој да стане таков каков што е, бидејќи се раѓаме со предиспозиција да бидеме добри и да сакаме да бидеме добри луѓе и добри родители, рече Татиќ.

Сценографијата и изборот на костимите за претставата се на режисерката Поплавска, како и изборот на музиката, заедно со Вукан Пејовиќ (гитара).

По праизведбата во МНТ, ќе има премиера и во Подгорица планирана за септември. Како што рече Поплавска, „Лов на дива свиња“ ќе се игра на сцените во МНТ и на Градско позориште Подгорица, со тоа што ќе бидат задолжени две технички екипи и за гостувањата ќе патуваат само актерите

лов на дива свиња МНТ Премиера
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.