Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marija Todorovska
И последниот декемвриски состанок на Европскиот совет, како и претходните, беше мета на повеќе медиумски дезинформации.
Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека Милан Радоичиќ, поранешен потпретседател на Српската листа, кој ја презеде одговорноста за нападот во Бањска, подготвува нови напади на Косово заедно со групата што го изврши нападот на 24 септември, пишуваат косовските медиуми.
Директна закана со убиство денеска му беше упатена на Џабир Дерала. Во коментар на неговата колумна „Снајперисти со врзани очи“, од профилот „Александар Антиќ“ беше напишан коментарот:
Денеска во Влада се одржа посебна тематска седница за измена на програмата за финансиска поддршка во земјоделство каде во мерката за лозарство по хектар износот на субвенции за 2023 година од 40.000 денари по хектар ја зголемуваме на 52.000 денари по хектар. Тоа е повеќе за сите, рече претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски вечерва на трибината „Повеќе за сите!“ во Кавадарци.
Владата, на денешната седницa донесе Одлука за прераспределба на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година во износ од 30 милиони денари за реконструкција на спортска сала „Работнички“ – Градски парк, општина Центар, во Скопје.
Претседателот ДУИ, Али Ахмети денеска во годишното обраќање истакна дека нашата иднина е Европа и апелираше балканските земји да чекорат заедно, рамо до рамо, се до реализација на програмата за влез во Унијата.
Скопје попладнево беше неколку часа под сообраќајна блокада, при што голем број возила и автобуси останаа заглавени по улиците и крстосниците.
Палестинската управа, која делумно го контролира Западниот Брег, треба да добие финансирање од ЕУ повеќе од 118 милиони евра, објави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
Владата на денешната седница одлучи до крајот на годината земјоделците да добијат 30 отсто авансна исплата на субвенциите, новина предвидена со новиот модел за субвенционирање, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Со тоа, како што се наведува, 40.000 земјоделци ќе бидат исплатени 750 милиони денари, односно 400 милиони денари ќе се исплатат за производителите на полјоделски кутлури, кај градинарството 70 милиони денари, 130 милиони денари за овоштарите и 150 милиони денари исплата кон лозарите.
Соединетите Држави го поздравуваат создавањето на Талин механизмот, кој ќе помогне да се испорачаат средства за градење сајбер капацитети во Украина и да и помогне на Украина да го одржи своето основно право на самоодбрана во сајбер просторот.
Почнува да изгледа многу како Божиќ во Талин. Но, иако годишниот празничен пазар во градот е во полн ек, ме интересираше поинаков вид на присуство кога пристигнав во главниот град на Естонија во снежно декемвриско утро. По краткото известување, бродот на британската кралска морнарица ХМС Ричмонд доаѓаше во градот и, и покрај моето неодамнешно необично искуство на море, бев поканет заедно да дознаам зошто, пишува Мајкл Кол во ЕРР.ее.
ЦИВИЛ и Општина Гостивар на 18 декември одржаа мултимедијален настан „Заедно за подобра иднина“ во Гостивар.