Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marija Todorovska
Националниот совет за евроинтеграции и собраниската Комисија за европски прашања денеска во Собранието одржаа заедничка седница на која беа разгледани Нацрт Патоказот за владеење на правото и Нацрт Патоказот за реформа на јавната администрација. Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ истакна дека двата документа произлегуваат непосредно од скринингот кој беше успешно завршен во ноември и кои се услови заедно со Акцискиот план за заштита на припадниците на немнозинските заедници за отварање на првиот кластер. Целиот овој процес од почетокот на преговорите во јули минатата година, се надоврза на целиот труд вложен во претходните десеттина години за, како што рече, да…
Версајската палата, една од најпосетуваните знаменитости во Франција, денеска беше затворена за посетители два часа поради закана за бомба.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска ја посети компанијата „Лакталис“ во Битола, компанија од млечната индустрија, која што е корисник на дел од владините мерки.
За повторно воспоставување на железничкиот сообраќај со Грција директорите на претпријатијата за железничка инфраструктура од двете држави треба да ги договорат натамошните процедури, најави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.
Германските власти сакаат да запленат повеќе од 720 милиони евра руски средства замрзнати во Германија како дел од санкциите воведени по почетокот на руската инвазија врз Украина.
По Украина, следните цели на Русија би можеле да бидат Молдавија и балтичките земји, а Европа мора да се подготви и да стави до знаење дека може да се брани, предупреди началникот на Генералштабот на белгиската армија, Мишел Хофман.
Скопската градоначалничка, кандидатка на ВМРО – ДПММЕ, Данела Арсовска, и покрај тоа што не се покажа во украсувањето на градот за новогодишните празници, сепак тоа не успеа да го скрши празничниот дух на Скопјани.
Уставниот суд одлучи да поведе постапка по делови од три члена од Законот за матична евиденција во кој е содржан зборот националност, во изводите за родени, за венчани и за умрени лица. Судот, исто така, донел времена мерка и од денеска, па се додека не се донесе конечна одлука службите не смеат од граѓаните да бараат податоци за впишување на националност во изводите за родени, венчани и умрени лица.
Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија на седницата одржана на ден 20.12.2023 година одлучуваше по поднесено Барање за вонредно преиспитување на правосилна пресуда по предметот КВП-КОК2-бр.16/23 познат во јавноста како „Плацеви на Водно“.
Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска се сретна со директорката на Заводот и музеј – Битола, Мери Стојанова, со која разговараше за тековните активности поврзани со реконструкцијата и адаптацијата на старото училиште „Димитар Влахов“, во село Љубојно, во Центар за промоција на македонскиот јазик.
Во Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација во Козле пуштен во употреба е нов најсовремен aпарат за роботска рехабилитација – Lokomat во вредност од 57.983.430,00 денари.
Во емисијата „Гласот на народот“, емитувана на „Вистинска телевизија“ на 06.12.2023, гостинот Владо Јовановски, инаку разузнавач во пензија, ја спојува „Шарената револуција“ со случајот „Диво насеље“.