Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Владата и компаниите имаат заедничка цел-развиено стопанство и економија, повеќе нови работни места и инвестиции

0
By Marija Todorovska on December 20, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 20, 2023 14:57

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска ја посети компанијата „Лакталис“ во Битола, компанија од млечната индустрија, која што е корисник на дел од владините мерки.

„Работењето на компанијата „Лакталис“ од Битола е показател за успешноста на Планот за економски раст поставен во 2017 година, преку кој Владата е на вистинскиот пат да обезбеди економски раст и развој на нашата земја. Владата е партнер на компаниите и горди сме кога успеваме да придонесеме и да ги поддржиме во нивната цел, во новите инвестиции како и во зголемувањето на бројот на вработените. Непосредно комуницираме со компаниите, со коморите, за да се креираат правилни економски политики, бизнисот да има предвидлив деловен амбиент и да ги планира инвестициите на среден и на долг рок“, истакна премиерот Ковачевски при посетата на „Лакталис“.

Оваа компанија е корисник на државната поддршка преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции, што им помогнале за реализација на новите инвестиции.

„Владата, преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите од неговото воведување до денес поддржа 919 компании со 100 милиони евра. За шест години финансиската поддршка од државата кон домашните компании е зголемена за 11 пати. Од 3,2 милиони евра во 2018 до 35 милиони евра во 2023 година.

Целта е заедничка – развиено стопанство, повеќе нови работни места и инвестиции, а со тоа и повисок раст на економијата. Затоа, Владата од почетокот на енергетската криза, а претходно и за време на пандемијата, даде силен, навремен и прецизен фискален одговор, кој беше значаен за амортизирање на надворешните шокови“, истакна премиерот Ковачевски на настанот, додавајќи дека и покрај неколкуте кризи во последните три години, Владата успеала да го преполови фискалниот дефицит преку рационализација на трошоците и подобрување на наплатата на приходите.

За околу три и пол години, посочи премиерот Ковачевски, донесени се пакети антикризни мерки во вредност од над две милијарди евра.

„Ланскиот пакет антикризни мерки во висина од 760 милиони евра, беше оценет од Светска банка како најголем во регионот. Со сите мерки досега спасени се повеќе десетици илјади работни места, финансиски поддржавме ранливи категории граѓани, пензионери со ниски пензии, поддржавме плати за вработените, поддржавме занаетчии, самостојни уметници, радиодифузери, овозможивме поволни кредити за уметници, компании, овозможивме поволни кредити и за приватниот и за јавниот сектор. Најновиот деветти пакет антикризни мерки е во вредност од 662 милиони евра, од кои 492 милиони евра се за поддршка на  ликвидноста на компаниите, конкурентноста и инвестициите во обновливи извори, преку поволни кредити. Една од мерките се однесува на обезбедување финансиска поддршка за субвенционирање на придонесите на нови и постојни вработени, за зголемување на платите на работниците од 3.000-9.000 денари. Со мерката се опфатени над 70.000 компании“, рече премиерот Ковачевски, осврнувајќи се на најновите мерки.

Генералниот директор на компанијата „Лакталис“ Ванчо Постоловски посочи дека компанијата функционира веќе 17 години како дел од најголемата млечна индустрија во светот, што е резултат на континуираните инвестиции во производствените капацитети, како и едукацијата на фармерите за унапредување на процесите и на квалитетот што резултира со нивната добра позиционираност на пазарот.

Влада Димитар Ковачевски инвестиции нови работни места
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.