Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) „Полиграф“: Какви дезинформации за Шарената револуција беа изнесени во емисијата „Гласот на народот“?

0
By Marija Todorovska on December 20, 2023 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 20, 2023 13:24

Во емисијата „Гласот на народот“, емитувана на „Вистинска телевизија“ на  06.12.2023, гостинот Владо Јовановски, инаку разузнавач во пензија, ја спојува „Шарената револуција“ со случајот „Диво насеље“.

„КАЈ НАС, СЕ УШТЕ МНОГУ СЛАБО Е ОБРАБОТЕН СЛУЧАЈОТ „ДИВО НАСЕЉЕ“, ИАКО СЕ СЛУЧИ БАШ ВО ТОЈ ПЕРИОД, ВО ЕКОТ НА ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА…“, ИЗЈАВИ ЈОВАНОВСКИ.

Но, што покажува елементарната проверка на факти? Вооружената престрелка во Куманово во „Диво насеље“ се случуваше на 9 и на 10 мај 2015 година. А „Шарената револуција“ е израз за протестите што се случуваа година дена подоцна, по одлуката на претседателот Иванов од 12.04.2016 за т.н. аболиција, односно помилување и ослободување од гонење на 56 лица кои беа дел од предметите на Специјалното јавно обвинителство.

Освен тоа, водителот на  емисијата, Слободан Томиќ тврди дека Шарената Револуција имала јасни цели да се промени името на државата и да се донесе „Преспански договор“:

„ИМАЈЌИ ФАКТ ДЕКА ТАА ШАРЕНА РЕВОЛУЦИЈА ИМАШЕ ЈАСНА ЦЕЛ ДА СЕ ПРОМЕНИ ТОА ШТО СО ГОДИНИ НЕ СЕ МЕНУВАЛО, ТОА Е ИМЕТО НА ДРЖАВАТА, ДА СЕ ДОНЕСЕ ПОВТОРНО ЕДЕН ЕЗЕРСКИ ДОКУМЕНТ, ПОЗНАТ КАКО „ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОР“…“, РЕЧЕ ТОМИЌ ВО ЕМИСИЈАТА

Но барањата на протестите од 2016 година воопшто не се однесуваа на промена на името на државата и постигнување договор со Грција, туку на обезбедување правда и изнесување пред суд на одговорните за масовното прислушкување, а и за демократизација на заробените институции, за што сведочат и јавно објавените барања од протестите во медиумите.

Токму затоа, тврдењата дека случајот „Диво Насеље“ се случил во екот на Шарената револуција, како и тврдењата дека Шарената Револуција имала за цел да се промени името на државата, може да се оценат како невистини и дезинформации.

Преземено: СМК

#Шарена револуција дезинформации Полиграф
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026Updated:July 26, 2026

Куриозитет: На 61 година го роди своето прво дете – прво па машко

ВЕСТИ July 26, 2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р…

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

July 26, 2026

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026
ТИКЕР

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.