Author: Marija Todorovska
Енергетскиот сектор е во многу постабилна состојба, регионот ја преживеа енергетската криза и сега веќе пловиме во помирни води со стабилизирани цени, истакнува извршниот директор на „Номагас“ Бајрам Реџепи, по неговото учество на министерскиот состанок на Групата на високо ниво за енергетско поврзување на Централна и Југоисточна Европа (CESEC), што денеска и утре се одржува во Атина.
Премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска во изјава за медиумите рече местата кои со закон и следуваат на опозицијата во техничката влада да останат празни додека ВМРО-ДПМНЕ не даде глас за таа влада.
На граничниот премин кај Делчево има колони возила кои чекаат за влез во Бугарија.
На 21 и 22 јануари во Скопје ќ се одржи состанок на иницијативата „Западен Балкан и ЕУ“ и лидерската средба за Планот за раст за Западен Балкан.
Седумнаесетгодишниот Ѓорѓи Николовски го фати осветениот крст во водите на реката Вардар во Скопје.
Платформата Инстаграм испраќа автоматска порака до своите корисници на возраст од 13 до 18 години, апелирајќи ги да не ја користат социјалната мрежа во текот на ноќта, помеѓу 22 и 4 часот наутро, со цел да ги поттикне да прифатат поздрав начин на живот.
„За жал, повеќе од три децении на повеќепартиски систем не донесе плодна парламентарна демократија со предлози и конструктивни амандмани. Напротив,секогаш собранието се злоупотребуваше за внатрепартиски пресметки“ – велат политичките аналитичари зборувајќи за актуелниот состав на Собранието, работа како и за блокадите на опозицијата за прашања од колективен и стратешки интерес за Северна Македонија.
Украина постигнува суштински резултати на бојното поле, додека акциите на Русија се неефикасни од воена гледна точка, изјави претседавачот со Воениот комитет на НАТО, адмирал Роб Бауер на прес-конференција по дводневниот состанок на Воениот комитет, јави дописникот на Укринформ.
Од вселенскиот центар „Кенеди“ на американската Национална аеронаутичка и вселенска администрација (НАСА) на Кејп Канаверал на Флорида минатата ноќ беше лансирана првата паневропска комерцијална вселенска мисија кон Меѓународната вселенска станица (МВС).
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски упати честитка до православните верници по повод големиот христијански празник Богојавление-Водици.
Во косовските медиуми денеска една од најчитаните содржини е веста за посетата на српскиот адвокат Чедомир Стојковиќ, на гробот на седумгодишното девојче Блерина Јашари ( од семејството на Адем Јашари) во меморијалниот комплекс во Преказ.
Северна Кореја извршила тестирање на својот подводен систем на нуклеарно оружје во знак на протест против овонеделните заеднички воени вежби меѓу Јужна Кореја, САД и Јапонија, јавија денеска државните медиуми.