Author: Marija Todorovska

Со порака високото образование да остане државно и бесплатно, илјадници студенти, ученици и просветни работници, денеска одржаа нови масовни протест како во Атина, така и во низа други грчки градови.

Read More

Едно лице е повредено од експлозија на плинска боца  што се случила попладнево на ул. „Моша Пијаде“ во Куманово, соопштија надлежните од кумановската Општа болница и Единицата за територијалната противпожарна заштита (ТППЕ) Куманово. Според податоците на надлежните, при експлозијата е повредено 30 годишно лице, кое по првичната помош во кумановската болница поради сериозноста на повредите е префрлено на натамошно лекување на клиниките во Скопје. Експлозијата, според очевидци, се случија околу 13 часот. Во изјава за медиумите тие рекоа дека ударот бил силен, а веднаш пристигнале екипите на ТППЕ, Итната медицинска помош и на полицијата.

Read More

На Универзитетот во Тирана денеска свечено беше означено отворање на воннаставните модули за македонски јазик, литература и култура, објави Универзитетот на официјалната веб страница.

Read More

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска изјави дека зголемување на минималната плата од  март годинава е поддржано од Организацијата на работодавачи, а за мал дел од работодавачите кои не ќе може да ја исплатат платата, ќе бидат помогнати со Законот за субвенционирање за зголемување на плати, којшто дава можност за ослободување од плаќање придонеси.

Read More

Војната меѓу Израел и Газа им нанесе сериозна штета, често и со фатални последици по новинарите откако Хамас го започна својот невиден напад против Израел на 7 октомври, и Израел објави војна на милитантната палестинска група, започнувајќи со напади врз блокираниот Појас Газа.

Read More

Во пресрет на двојните претседателски и парламентарни избори, за политичкиот блок партии на Албанците, очигледно, исклучително важна е поддршката на социјалистите Албин Курти и Еди Рама. Веќе е објавено дека косовскиот премиер и лидер на „Самоопределување“, Албин Курти го поддржува блокот на албанските опозициски партии во рамките на коалицијата Европски сојуз за промени (ЕСП), во која се Движењето БЕСА, Демократското движење и Алтернатива. додека социјалистот Еди Рама во средата од Скопје, преку шефот на албанската дипломатија, Игли Хасани, индиректно испрати порака дека Албанија ги поддржува партиите од парламентарното мнозинство, нагласувајќи дека: „Албанија ги поддржува проевропските сили во Северна Македонија“.

Read More

СДСМ ќе понуди концепт и програма за претстојните избори и за активностите во идната влада. Основање на која било политичка партија во земјава базирани на демократските вредности е за поздравување, а тоа е одлика и на плурализмот, оценува министерката за одбрана Славјана Петровска, која е и член на ЦО на владеачката СДСМ.

Read More

Националната стратегија за ментално здравје на млади 2024 – 2026, подготвена од страна на Националниот младински совет на Македонија – НМСМ, беше разгледана и усвоена од страна на Владата на РСМ, на предлог од Министерството за труд и социјална политика. Усвојувањето на ваков документ е од особена важност затоа што истражувањата покажуваат дека 64% од младите се соочуваат со депресија, 55% од младите се соочуваат со стрес, 58% се борат со анксиозност, 56% имаат суицидални мисли, а 67% сметаат дека е потребна подобра грижа за менталното здравје, потенцира Филип Ивковски претседател на НМСМ –Националниот младински совет на Македонија.

Read More