Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Усвоена Националната стратегија за ментално здравје на млади 2024-2026

0
By Marija Todorovska on January 18, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 18, 2024 13:16

Националната стратегија за ментално здравје на млади 2024 – 2026, подготвена од страна на Националниот младински совет на Македонија – НМСМ, беше разгледана и усвоена од страна на Владата на РСМ, на предлог од Министерството за труд и социјална политика. Усвојувањето на ваков документ е од особена важност затоа што истражувањата покажуваат дека 64% од младите се соочуваат со депресија, 55% од младите се соочуваат со стрес, 58% се борат со анксиозност, 56% имаат суицидални мисли, а 67% сметаат дека е потребна подобра грижа за менталното здравје, потенцира Филип Ивковски претседател на НМСМ –Националниот младински совет на Македонија.

-Овие статистички податоци се потврдуваат и преку фактот дека најчитаните содржини во историјата на НМСМ се прирачниците за ментално здравје кои даваат совети како младите да препознаат и да се справат со стрес, анксиозност и депресија. Веруваме дека преку доследна имплементација на стратегијата во наредните години, значително ќе се подобри благосостојбата на младите и ќе се креира широк спектар на механизми за поддршка и грижа за нивното ментално здравје, посочува Ивковски.

Инаку стратегијата се фокусира на проактивни мерки и активности за спречување и рана интервенција на проблемите со менталното здравје кај младите, ја нагласува потребата за намалување на стигмата и подигнување на свеста за менталното здравје и има за цел да го подобри пристапот до квалитетни услуги за ментално здравје за младите. Воедно, Стратегијата ја нагласува важноста на соработката меѓу различни засегнати страни, за да се создаде холистички и координиран пристап кон менталното здравје, како и значењето на собирањето податоци и истражувањето за да се стекне сеопфатно разбирање за потребите за ментално здравје на младите луѓе.

Од НМСМ потенцираат дека во време кога младите се соочуваат со сериозни предизвици, ваквиот документ е од исклучително значење и претставува институционализирана, стратешка и системска поддршка за менталното здравје и благосостојбата на младите на национално ниво. Дополнително, усвојувањето на Стратегијата е и потврда за вредноста и значењето на вклучувањето на младите во процесите на носење одлуки и креирање политики, како и за застапувачките активности кои ги спроведува Националниот младински совет на Македонија.

Усвојувањето на оваа Стратегија е резултат на соработката помеѓу Владата и НМСМ со цел поддршка на добросостојбата на младите како врвен приоритет на секое општество и претставува кулминација на активностите на НМСМ за унапредување на менталното здравје кај младите, спроведувани повеќе од три години.

Ментално здравје министерство за труд и социјална политика млади Национален младински совет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.