Author: Marija Todorovska

Хрватското Министерство за одбрана (МО) денеска соопшти дека работи на концепт за куса основна воена обука, а државниот секретар Здравко Јакоб во Парламентот изјави дека моделот ќе биде познат во најбрз можен рок.

Read More

Во четврток, на 18 јануари, во 15:00 часот ќе положам цвеќе на гробот на Блерина Јашари, седумгодишното убиено девојче на Косово, исто како што направи Никола Сандуловиќ, кој поради тоа беше претепан и уапсен, а потоа ќе дојдам во Белград да им се предадам на властите!, објави на својот профил на Икс адвокат Чедомир Стојковиќ.

Read More

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДИУ) Али Ахмети, заедно со претставници на раководство на партијата денеска положи цвеќе на споменикот на Скендербег во Скопје, по повод одбележувањето на денот на смртта на албанскиот војсководач.

Read More

 Претседателот Стево Пендаровски денеска остварил средба со претседателот на Република Ерменија, Вахан Хачатурјан, во рамки на учеството на Светскиот економски форум во Давос.

Read More

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и шефот на Делегацијата на Европската Унија во нашата држава, Дејвид Гир, денеска го посетија Националниот конзерваторски центар каде што се одвива процесот на конзервација и реставрација на ликовните дела од еден од основоположниците на македонската современа уметност, Лазар Личеноски. Делата се дел од легатот на семејството Личеноски на Националната галерија на С Македонија.

Read More

нова одлука на Министерството за образование и наука, која следува по барање на Сојузот на средношколци, учебната 2023/2024 година за средношколците ќе заврши на 10 јуни наместо на 17 јуни како што беше претходно предвидено со календарот за организација на наставата.

Read More

Со седум гласа „за“ Судскиот совет на денешната седница ја запре постапката за утврдување на одговорност на претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми. Мислењата на членовите на Судски совет во врска со иницијативата за утврдување одговорност на претседателката на врховен суд, Беса Адеми, за нејзиното отсуство од седниците на Советот без соодветни докази и непојавување на средбата со поранешниот претседател Сашко Георгиев, на расправата беа поделени.

Read More

Денеска се навршуваат три години откако рускиот опозициски политичар Алексеј Навални од Германија, каде што беше на лекување по обидот за атентат врз него, се врати во Русија, каде беше уапсен, гонет и осуден, се наведува во писмената изјава на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел во врска со „последните настани во случајот со Навални и другите политички затвореници“.

Read More

Последните случувања на Блискиот исток со ракетниот напад на Иран врз пограничната област во Пакистан само ги зголеми стравувањата дека ескалациите на конфликтите низ светот од крајот на 2023 година, кои продолжуваат со несмален интензитет и на почетокот на 2024 година, може да доведат до почеток на трета светска војна.

Read More

Финалната верзија на Акцискиот план за малцинства којшто земјава треба да го подготви согласно обврските од Преговарачката рамка, не е изготвена и таа прво ќе помине низ јавна дебата заедно со дебатата за уставните измени, бидејќи станува збор за еден пакет прашања, вели шефот на дипломатијата Бујар Османи. 

Read More