Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Снегот предизвика застој во воздушниот и патниот сообраќај во Белгија

0
By Marija Todorovska on January 17, 2024 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 17, 2024 15:28

Белгија од претпладнево е зафатена од снежни врнежи кои предизвикаа застои во воздушниот и копнениот сообраќај.

Белгискиот Кралски метеоролошки институт прогласи „црвен“ метео аларм во југоисточните делови на Белгија, „портокалов“ во остатокот од јужниот регион Валонија и „жолт“ во северните области на земјата, кои ќе траат до утре претпладне.

Институтот препорача „максимално ограничување на патувањата“ поради појавата на кашест снег на патиштата, нагласувајќи дека во одделни делови на југоистокот на Белгија можно е да се формира снежна покривка со дебелина од 25 до 30 сантиметри. Во останатите делови на Валонија се очекува снежна покривка од три до осум сантиметри, а во реонот на Брисел и во Фландрија меѓу еден и пет сантиметри.

Снегот засега предизвикува проблеми во одвивањето на сообраќајот на патните правци кон белгиската граница со Холандија и Германија.

Поради снегот во Германија, откажани се летовите од Франкфурт и Минхен кон Брисел, додека на бриселските аеродроми авиосообраќајот се одвива „релативно нормално“ со извесни застои и доцнења.

Портпаролката на Меѓународниот аеродорм во Брисел, Исан Шива Лекли за „Соар“ изјави дека нивните тимови интервенираат за расчистување на снегот од пистите.

– Доколку се формира слој снег, тие веднаш го расчистуваат, нагласи Лекли, советувајќи ги патниците, сепак, пред поаѓање да го проверат статусот на нивните летови на веб-страницата на аеродормот.

Поради снегот одложен се и два натпревари од четвртфиналето на Белгискиот фудбалски куп предвидени за денеска и се презакажани за в недела.

Според метеоролозите, до крајот на денот се очекува снежните врнежи да бидат умерени, а во некои делови на Белгија да преминат и во дожд, иако не е исклучена и можноста за појава на смрзнат дожд. Се очекува максималните температури да се движат во интервал меѓу минус еден и два степени Целзисуови.

За утре се очекува врнежите да преминат во дожд, при што најобилни ќе бидат во крајните јужните региони на Белгија, каде се очекува да наврнат меѓу 30 до 40 милиметри.

 

Белгија застој снег
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.