Author: Marija Todorovska

Електронска аукција на која услов за добивање на тендерот за избор на нов универзален снабдувач со електрична енергија е да се понуди профитна маржа пониска од 11,5 отсто, колку што изнесува маржата на досегашниот универзален снабдувач „ЕВН Хоум“, денеска ќе се одржи во Скопје.

Read More

САД и неколку нивни сојузници, вклучително и Велика Британија, извршија воени напади врз повеќе од десетина цели во Јемен контролирани од милицијата на Хутите поддржана од Иран, рекоа американски официјални лица, во проширувањете на војната на Блискиот Исток.

Read More

Грчката полиција го расчисти убиството што на 15 јули минатата година се случи во вила на Халкидики, кога смртно беше застрелан 39-годишен, а повреден беше 45-годишен, двајцата државјани на Северна Македонија, а сторителот, кој е идентификуван, веќе е во притвор кај нас, осомничен за учество во двојното убиство во март и ќе се бара негова екстрадиција во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Read More

Исмет Рамадани е влијателен и реномиран интелектуалец и општествен деец, поранешен политичар и пратеник во македонскиот парламент, и прв човек на Евроатлантскиот совет. И како политичар, и како општественик, Рамадани е познат по својата смиреност, конструктивен пристап и отвореност за дијалог.

Read More

Тројца инспектори од Државниот инспекторат за труд (ДИТ) денеска влегоа во М-НАВ и почнаа со инспекцискиот надзор. Инспекторите со надзорот ќе продолжат и утре, бидејќи станува збор за голема и обемна документација, вели директорката на ДИТ, Весна Томовска.

Read More

Советот на јавни обвинители на денешната седница едногласно го отфрли барањето на обвинителката Фатиме Фетаи за преиспитување на одлуката за отфрлање на документацијата во врска со огласот за именување на јавен обвинител на Република Северна Македонија.

Read More

Државниот правобранител на Република Северна Македонија од страна на Владата на Република Северна Македонија е известен дека од страна на Група граѓани на ден 12.10.2022 година до Влада на Република Северна Македонија, била доставена пријава за незаконско работење на државниот правобранител за подрачје Скопје Јане Јанкуловски, во врска доставено мислење по Нацрт Договор за оттуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на непосредна спогодба за оформување на градежна парцела, соопштија денеска од Државното правобранителство на РСМ.

Read More

Со мали тензии меѓу полицијата и демонстрантите пред грчкиот Парламент, заврши масовниот протест на учениците и студентите во Атина, против предлог-законот на Владата за отворање приватни факултети во земјата.

Read More

Канцеларијата на Обединетите нации за криминал и дрога и извештајот објавен од Светската здравствена организација за 2023 година, Албанија и понатаму ја рангираат меѓу првите во Европа и втора во Централна Европа, по високото ниво на жени и девојки жртви на насилство врз нив.

Read More