Author: Marija Todorovska

Министерството за внатрешни работи известува дека приведен е бегалец од затвор кој бил баран со централна потерница по наредба на КПУ Идризово. 62 годишното лице од Крушево е осудено на 15 години затворска казна и има уште околу седум години за доиздржување.

Read More

Авиосообраќајот во земјава е безбеден, а предлогот за разрешување на раководството и Управниот одбор на М-НАВ е за да се испрати пораката дека компромис со безбедноста на авиосообраќајот – нема и не смее да има, порача денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска во врска со случувањата во М-НАВ.

Read More

Судот го прогласи за виновен Денис Куликовски, командант на затворот „Изолација“ во Донецк, каде што незаконски се приведуваат и мачат украински цивилни и воени заробеници.

Read More

Во текот на 52-ра недела од 2023 година (25.12-31.12.2023), во земјава се пријавени 403 случаи на заболени од грип или заболувања слични на грип, што е 96,6% повеќе во споредба со претходната недела, соопшти Институтот за јавно здравје.

Read More

Дезинформациите се составен дел од руската агресија против Украина, започната во 2014 година. Од целосната инвазија, пропагандата на Кремљ генерира широк спектар на апсурдни лажни приказни, при што некои од нив станаа плодна почва за меми, вклучително и оние за „борбени комарци “ и „валкана бомба“.

Read More

Наспроти оние кои сакаат да ја изолираат земјата, да ја променат нејзината стратешка ориентација и да ја нарушат меѓуетничката и меѓуверската хармонија, „Фронтот за Европа“  – проевропската и проамериканската стратешка определба на државата е единствениот „лек“ против регресивните и ретроградни струи.

Read More

Во моментов нема поголеми загадувачи кои предизвикуваат загадување на амбиенталниот воздух. „Цементара“ е на 50 отсто од капацитетот, работи со една печка, не користи алтернативни горива. „Макстил“ не работи. Најголеми причинители за загадувањето во моментов се граѓаните кои горат секаков вид на отпад за загревање, а потоа и градежниот сектор, оцени денеска директорот на Државниот инспекторат за животна средина, Сретен Стојковски.

Read More

Српскиот политичар Срѓан Ного, поранешен пратеник и член на десничарската и националистичка партија Двери во Србија, веќе два дена објавува фотографии на неговиот профил на Х (Икс) од настаните поврзани со киднапирањата на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска и нивните убиства и најавува дека денеска ќе објави нови видоеснимки. За грабнувањето и убиството на Жежоски и Ѓорчевска првоосомничен е Љупчо Палевски-Палчо кој е во притвор во Турција.

Read More

Блискиот исток се приближува на работ на регионална војна, која администрацијата на Бајден се обиде да ја спречи по смртоносните напади на Хамас против Израел на 7 октомври. Растечките напади принудија илјадници луѓе да ги напуштат своите домови на границата меѓу Либан и Израел, додека израелските сили продолжуваат да го напаѓаат градот Кан Јунис во јужниот дел на Газа.

Read More