Author: Marija Todorovska

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, ги информира граѓаните дека во изминатиот период се забележани зголемен број случаи на испраќање лажни SMS пораки кои лажно се претставуваат во име на телекомуникациски оператори.

Read More

На две сцени и над 40 изведувачи, вечерва и официјално започнува долгоочекуваниот „Д-фестивал“ – културниот бренд, што според организаторите Штип ќе го претвори во центар на музиката. Овогодинешното издание на фестивалот, кое се случува по 15. пат носи рекорден интерес и повеќе од забава, а во фокусот на истиот оваа година ќе биде хуманоста. Собраните средства ќе бидат насочени како поддршка за настраданите од несреќата во Кочани, а со тоа „Д фестивал“ оваа година, ќе биде запамтен не само по музиката, туку и по солидарноста. Стартот е закажан за во 17 часот.

Read More

Министерството за одбрана на Русија денеска соопшти дека спровело нова размена на воени заробеници со Украина, како дел од договорот постигнат со Кијив на почетокот на јуни за време на преговорите во Истанбул.

Read More

Вкупно 32 лица се повредени откако, од засега непознати причини, се судрија два автобуси на атинскиот градскиот превоз во јужното приморско предградие на Атина, Вула, а од повредените тројца се во посериозна состојба.

Read More

Со ребалансот за 2025 година ќе се обезбедат дополнителни 155 милиони денари за субвенции и поддршка на туризмот, како и 145 милиони денари дополнителни средства за Агенијата за филм.

Read More

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски изјави дека се завршени вештачењата за предметите поврзани со пожарот во дискотеката Пулс во Кочани и за Онкологија. Тој ја повтори својата оценка во однос на буџетот на Јавното обвинителство изенесена во неговото обраќање на вчерашното продолжение на седницата на собрансиката Комисија за финансирање и буџет на која се расправа за ребалансот на Буџетот, дека вештачењата за Онкологија и за случајот за трагедијата во Кочани се мошне голем финансиски товар за обвинителството, бидејќи се работени во друга држава.

Read More

Ослободување од работни обврски за бремени жени и лица постари од 60 години, што не се однесува на вработени во критичната инфраструктура (здравство, полиција, армија, транспорт, енергетика, јавни комунални претпријатија), одложување на работниот процес од 11 до 17 часот за работници изложени на директна топлина, работа од далечина, флексибилно или двократно работно време, каде што е изводливо, обезбедување микроклиматски услови за работа од страна на работодавачите согласно акцискиот план односно простории со температура до 25 степени Целзиусови, освен таму каде природата на работниот процес налага поинаку, активирање планови за вонредни услови, и сите здравствени установи, установи за згрижување на стари…

Read More

Македонската рекордерка во маратонско трчање Адријана Поп Арсова Рашиќ, која потекнува од Виница, успеа да обезбеди пласман на Светското првенство во атлетика „Токио 2025“.

Read More