Author: Marija Todorovska

Берлин, Барселона:  Две лица починаа во Франција поради проблеми поврзани со жештината, а повеќе од 300 примиле итна медицинска помош, соопшти денеска француската министерка за животна средина, Ањес Пание-Рунахер.

Read More

Патувачката изложба „Ана Франк – Историја за денес“, беше отворена синоќа во амфитеатарот на Спомен костурница во Неготино, како плод на соработката на Младински образовен форум (МОФ) и „Ековита” од Неготино.

Read More

Тетово: Жена од тетовското село Синичане во Општина Боговиње била повредена од мечка, информираат од СВР Тетово откако за овој случај биле известени од тетовската Kлиничка болница. Станува збор за 41 годишна жена која се движела по шумски пат во место викано „Голем рид“.

Read More

Под влијание на топла воздушна маса од југ, од утре до средината на следната седмица, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени Целзиусови, а наместа ќе надминува 40 степени Целзиусови, информираат денеска од Управата за хидрометеоролошки работи.

Read More

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет претпладнево почна дебатата по Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2025 година, во второ читање, за кој поднесени се над 200 амандамни.

Read More

Проекција на седум кусометражни играни филмови работени според сценарија на македонски писатели ќе се реализира вечер со почеток од 20 часот во летното кино „Мирно лето“ на „Кинотека“, информираат од Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ).

Read More

Неправилности во здравството отсега ќе може да се пријавуваат и на веб-страницата на Министерството за здравство, информира министерот Азир Алиу на денешниот брифинг со новинарите.

Read More

Фестивалот на нов европски филм – „Бич филм фестивал Охрид“ (Beach Film Festival Ohrid), што веќе осум години нуди врвна филмска програма на повеќе локации долж охридското крајбрежје, оваа година вклучува и слатко изненадување – летно загревање пред да започне официјалната програма, информираат организаторите на настанот.

Read More

Комитетот за човекови права при Обединетите нации во рамки на 144 сесија го заврши разгледувањето на четвртиот периодичен извештај за Северна Македонија за тоа како ги спроведува одредбите од Меѓународната конвенција за граѓански и политички права, при што експертите на Комитетот ги пофалија напорите на државата за справување со дискриминацијата и покренаа прашања во врска со извештаите за прекумерна употреба на сила од страна на граничните службеници против барателите на азил и напади врз новинари.

Read More

САД ја запреа испораката на дел од ракетите за воздушна одбрана и друга муниција во Украина поради загриженост дека американските залихи се премногу мали, изјавија вчера две лица запознаени со одлуката.

Read More

Природниот прираст кај населението минатата година e негативен и во градските подрачја и во селските подрачја. Три четвртини од вкупно 4 140 лица, за колку е намален бројот на население минатата година, се во градските средини, наспроти една четврина во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупниот број раѓања има Скопскиот регион со 40.4 %, а најмало Источниот регион со 5.8 %.

Read More

Пожарот кој избувна вчера попладне околу 14 часот во непосредна близина на валандовско Грчиште и се закануваше да ги зафати првите куќи во селото, се уште не е ставен под контрола.

Read More