Author: Xhabir Deralla
Конечно, експертите ја препознаа руската пропаганда. Кога ќе ги препознаат и посочат нејзините главни носители во земјава? ЏАБИР ДЕРАЛА Во изминатите 3-4 години се објавија голем број анализи за руското влијание, дезинформациите и пропагандата кои доаѓаат од Москва, директно или преку прокси актери во соседството и Европа. Отпрвин, тоа препознавање на рускиот пропаганден боршч беше прилично срамежливо, претежно со акцент на прокси играчите, често и без споменување на Москва, односно Русија. Малку похрабро настапија (дел од нив) неколку месеци по почетокот на руската брутална инвазија против Украина.
Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА / ЦИВИЛ МЕДИА Два долги дена траеше целосниот молк и на српскиот шеф на државата Александар Вучиќ и на владата, по соопштението на американската администрација дека директорот на Безбедносно-информативната агенција (БИА), Александар Вулин, е ставен на „црната листа“.
ЏАБИР ДЕРАЛА Кои се елементите на примитивната уличарска постапка на Левица со таблата на Парк Украина во Чаир? (Во Чаир се отвори Паркот Украина на 7 јуни, пред општинскиот објект, на 12 јули едната страна од таблата со натпис Парк Украина беше ишарана со спреј, а на другата беше залепен натпис Парк АСНОМ.)
Лидерот на Движењето Европа сега, Милојко Спајиќ изјави дека неговата партија постигнала голема победа, наспроти злоупотребата на државните ресурси. Тој изјави и дека очекува што поскоро да се формира Влада.
Инспириран од разговорот со еден скопски интелектуалец – таксист… ЏАБИР ДЕРАЛА Дискутираме со таксистот за ситуацијата во земјата. Не е пресреќен со развојот на настаните, со атмосферата, со бавниот тек на реформите. Јасно му е сѐ. Се движи низ сообраќајот и низ своите мисли со леснотија, како олимписка клизачица на рутински тренинг. Покажува извонредна способност за смирена, и не помалку духовита, дискусија на различни теми.
Американскиот универзитет на Европа – ФОН, по повод 20 години постоење, заедно со 200 најголеми македонски компании, инвестира во иднината на новите генерации на студенти, со обезбедување на 2000 целосни и делумни стипендии за студирање во академската 2023-2024 година.
ЏАБИР ДЕРАЛА Не мора да се прави посебна анализа на настапот на еден понизен послушник на режимот на Груевски, кој за награда доби амбасадорско место во Бразил, и еден сакам-да-бидам-новинар, верен режимски слуга, кој ќе остане запаметен по урнебесниот лапсус пред камери кога МВР го нарече МВРО како што го нарекуваше и режимската министерка во тоа време.
Фани Каранфилова-Пановска, која беше спомната во контекст на иницијативата на Никола Димитров, во текстот на НоваТВ „Никола Димитров ги собира незадоволните од СДСМ: Политички кам-бек или тест на можностите?“, остро реагираше до Редакцијата и ја демантираше таа информација.
ЏАБИР ДЕРАЛА Во оваа земја, Македонија, сѐ се цени и почитува. Бескрајно се обожува секој детал од сѐ што ги опкружува луѓето, како во сегашноста, така и во минатото и во иднината. Ова е како земја од бајките на Дизниленд, каде што луѓето, како џуџињата на Снежана, од утро до мрак, вредно работат и пеат. Со таа разлика што кај нас нема ниту една зла вештерка да ја „забибери“ бајката. Само почит и многу работа.
ВМРО-ДПМНЕ има капацитет да зачекори на европскиот пат и да создаде историја ЏАБИР ДЕРАЛА Ова што се случува со оваа партија одамна ги помина сите мерки. Вмро мора да престане да ја кочи европската иднина на земјата за која, според партиската иконографија, нејзините членови би го положиле животот. Доста беше црна кампања и срамотење.
ЏАБИР ДЕРАЛА Оставам на читателките и читателите да оценат самите, кои се политичките партии за кои се пишува овде. Во оваа прилика изоставив имиња, да не ме тужи уште некој претседател на партија.
Или: Како да се избегне самозалажувањето во ерата на Студената војна 2.0? – Политички есеј објавен во интернет порталот на англиски јазик Civil.Today; во соработка со Хедер Роберсон Гастон ЏАБИР ДЕРАЛА (продолжение од 1 дел) Како чинители на граѓанското општество, ние сме подготвени да го преземеме нашиот дел од работата, да се ангажираме секој ден, да ги повикаме луѓето во демократското јато и да ја зајакнеме свеста за сè што им го попречува патот. Но, лидерите како што е г. Шолц поседуваат неизмерна моќ – моќ што ја гледаме секој ден како функционира – да ги обликуваат и прошируваат патеките…