Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Zoran Ivanov
Кијив: Вториот круг разговори меѓу Украина и нејзините западни партнери, чија цел е да се обезбеди прекин на огнот со Русија, ќе се одржи утре во Лондон, изјави денеска висок украински функционер.
Белград: Обединетата просвета на Србија ги повика денеска вработените во образованието да се обединат и да учествуваат во бел штрајк – како израз на професионална, педагошка и граѓанска одговорност. Како што се наведува во соопштението, „бел штрајк“ значи: „заклучување највисоки оценки за сите ученици, како начин да се обезбедат еднакви услови во учебна година што не била еднаква, заштита на учениците кои станале колатерална штета на неодговорната образовна политика, отпор против уривањето на угледот на образованието, репресија на наставниците и злоупотреба на системот“.
Бранко Тричковски: Не знам дали родителите на изгорените деца во Кочани ја разгледуваат можноста да дојдат до сатисфакција така како што Ума Турман дојде во Кил Бил: Да ја следат сопствената трага на одговорноста и во Штабквартирата на злото да ги потепаат сите убијци?! Тоа е опасен и неодржлив начин од аспект на законот. Вовед во хобсовски хаос. Но, што да се прави кога системот ги турка луѓето во зоната кога во недостиг на други избори некои ќе го прифатат и изборот на Тарантино. Оти не само што им ги зел најмилите туку од нив, нивните родители и блиски и…
Блокадата на зградите на Радио-телевизија на Србија – РТС од синоќа влезе во осмиот ден, и како што е најавено, ќе трае се додека не се распише нов конкурс за членови на Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ), или додека РТС не „згасне“. Студентите во блокада и граѓаните кои ги поддржуваат и утрово се пред зградите на РТС во центарот на Белград, на улицата Таковска и на Кошутњак.
Воздухопловството на Вооружените сили на Украина успешно погоди локација во близина на селото Тјоткино во Курската област, од каде руската војска лансира јуришни дронови, соопшти денеска Генералштабот на Вооружените сили на Украина.
Вашингтон: Американскиот претседател Доналд Трамп се прости од Папата Франциско на својата социјална мрежа Truth Social.
Денеска повторно, по четврти пат, пропадна обидот за конституирање на косовскиот парламент, бидејќи кандидатката за претседател од Самоопределување, Албуљена Хаџиу, не доби доволен број гласови.
Кијив: Украина денеска ја повика телевизијата Фокс Њуз да се извини и да спроведе истрага поради тоа што за време на известување од Велигденски богослужби главниот град на земјата Киев го означи како „руски град“.
Собирот на вработени во РТС побара од раководството на јавниот сервис и надлежните служби денеска итно да им се обратат и да дадат јасни насоки за работа за време на блокадата.
Студентите ја поминале шестата ноќ блокирајќи ја зградата на Радио Телевизија на Србија (РТС) во Таковската улица и јавниот комплекс во Кошутњак и го пречекале Велигденското утро со голем број граѓани кои ги поддржуваат во центарот на Белград. Академиците ги блокираа зградите на јавниот радиодифузер од 14 април во 22:00 часот, и изјавија дека блокадата ќе трае “додека не се објави нов конкурс за членови на Советот на Регулаторниот орган за електронски медиуми.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на социјалните мрежи објави информации за состојбите на теренот и т.н. 30-часовен Велигденски прекин на огнот што го прогласи Путин вчера. Тој се потпира на извештајот од командантот на украинските одбранбени сили, генерал Сирски, за сосотјбата на фронтот до 6:00 часот наутро.
Вселенското летало „Сојуз МС-26“ со руските космонаути Алексеј Овчинин и Иван Вагнер и астронаутот на НАСА, Доналд Петит, се врати на Земјата, соопшти руската вселенска агенција Роскосмос.