Author: Zoran Ivanov
Израелските воздушни напади во Појасот Газа од утрово убија 23 цивили, соопштија палестински медицински извори.
Данска, Холандија и Шведска денеска потврдија дека ќе учествуваат во купувањето оружје за Украина, во согласност со планот на американскиот претседател Доналд Трамп.
Јане Алтипармак: Пресудата за свирепото убиство на кучето Феликс е важен, и одамна задоцнет чекор кон цивилизирање на нашето општество. Ова не е само правда за едно невино суштество – ова е порака дека не може повеќе да поминува неказнето насилството врз животните. Оваа затворска казна нема да му го врати животот на Феликс, но може да спаси други. Може да ги натера обесчовечените да застанат, барем за миг, пред повторно да посегнат по сечило, по стап, по отров. Случката со Феликс стана своевидна метафора на болка, на неправда, но и на отпор. Да не дозволиме неговата смрт да биде…
Владимир Путин планира да ја продолжи војната во Украина сè додека Западот не се согласи на мировни преговори под руски услови, а неговите територијални претензии би можеле дополнително да се прошират ако руските сили продолжат да напредуваат, изјавија за Ројтерс три извори блиски до Кремљ.
Венко Филипче: Во Кочани се сретнав со членовите на СДСМ и граѓаните. Последиците врз граѓаните од страшаната трагедија се огромни. СДСМ во изминатите месеци покажа што значи вистинска грижа и поддршка.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц синоќа изјави дека неговата земја ќе игра одлучувачка улога во новиот договор меѓу НАТО и САД за снабдување со оружје на Украина.
Белград: Специјални единици на кинеската и српската армија ќе спроведат заедничка обука под името „Чувар на мирот 2025“ во покраината Хебеј, во северна Кина, во втората половина на јули, пренесоа српските медиуми повикувајчи се на изјава на Џијанг Бин, портпарол на кинеското Министерство за одбрана.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека имал многу добар разговор со американскиот претседател Доналд Трамп по неговата објава за испраќање ново оружје во Украина, додавајќи дека се согласиле во иднина почесто да разговараат за да ги координираат своите чекори.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е разочаран, но не и дека „завршил“ со Владимир Путин, во ексклузивно телефонско интервју за Би-Би-Си.
Иако се понадевавме дека оваа нова генерација на вмровци ќе извлече поинаква линија на политичка мобилизација од борбата на нацијата жртва тие, скандалозно и посебно неписмено, заглибија натаму подлабоко. Се заплеткаа во политика на регрес, понижување, нова изолација, бескрајни обвинувања други за состојбите на осиромашување додека државата се изложува на сериозна криза на распад.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес предложи актуелниот премиер Денис Шмигалј да биде нов министер за одбрана на Украина.
