Author: Zoran Ivanov
Вториот круг од локалните избори во земјата ќе се одржи утре, додека денеска вообичаено први гласаат болните и изнемоштените, затворениците и лицата во старските домови.
Герасимовски вели дека е еден од ретките градоначалници кој во изминатите четири години нема потрошено ниту еден денар на непродуктивни трошоци, како патувања, скапи ресторани, патни трошоци и дневници.
Пентагон ѝ даде зелено светло на Белата куќа за испорака на ракети „Томахавк“ на Украина, откако процени дека испораката нема негативно да влијае врз американските резерви. Сега конечната одлука треба да ја донесе американскиот претседател Доналд Трамп, изјавија за Си-ен-ен тројца неименувани американски и европски функционери.
Во последните месеци, Русија ја нападна Украина со крстосувачка ракета 9M729, чиј таен развој го натера американскиот претседател Доналд Трамп да се откаже од договорот за контрола на нуклеарното оружје меѓу САД и Русија за време на неговиот прв мандат во Белата куќа, изјави украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха.
Кијив: Украина ѝ предаде на Литванија еден руски војник кого го заробиле нејзините вооружени сили за да му се суди за воени злосторства, соопшти денеска украинското обвинителство.
Условна казна затвор од две години, која нема да се реалзиира ако не стори друго кривично дело во следните пет години, му изрече Основниот кривичен суд Скопје денеска на Реџеп Нуредини, врз основа на признание на вина, за нападот врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во јуни годинава во Чаир.
Вилнус: Литванските власти привремено го затворија воздушниот простор над Вилнус откако беа забележани балони кои се приближувале кон аеродромот во близина на главниот град.
Европа изразува загриженост поради новото приближување меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот лидер Шји Џинпинг, пишува „Политико“.
Кинескиот министер за одбрана Донг Џун денеска во разговорите на високо ниво во Малезија изјави дека „повторното обединување“ на Кина и Тајван е „незапирлив тренд на историјата“. Коментарите, пренесени од Пекинг, дојдоа на средбата со неговиот американски колега Пит Хегсет во Куала Лумпур, каде што се среќаваат министрите за одбрана од блокот на Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН), пренесе ДПА. Кина има доволен капацитет да одговори на провокациите, рече Донг, додавајќи дека САД треба внимателно да ги бираат своите зборови и постапки во однос на прашањето за Тајван и да ја отфрлат тајванската независност. Разговорите се одржаа еден…
Герасим Лазов: Андреј Петров наместо да дојде во партијата и да помогне на СДСМ, тој по социјални мрежи си куцка општи повици и прави задкулисни договори и игри за лични интереси, па заради вакви ликови кои глумат загрижени членови, пати СДСМ. П.С Да каже јавно дали има договор помеѓу него и Сотир, или ние да го кажеме договорот!? Извор: Фејсбук
Андреј Петров: СДСМ како опозициска партија мора секогаш и секаде, безусловно да ги поддржи опозиционите кандидати, без калкулации и без исклучок. Ако некој има проблем со тоа има проблем со разбирање политика. Извор: X
